3 фитнес тестови кои треба да ги издржите

Секој започнува со вежбање поради различни цели: некој сака да биде посилен, друг да крене поголема тежина, трет само за да изгуби килограми… Која и да е вашата цел, направете ги овие три тестови пред да го зголемите интензитетот на тренинг со цел да утврдите од каде почнувате и да не се претренирате. Овие би морале да ги издржите.

3 фитнес тестови кои треба да ги издржите

Тест бр. 1: Сооднос на висината и обемот на половината

Измерете ги вашата висина и обемот околу половината. Односот треба да биде 2:1 во корист на висината, во спротивно тешкиот тренинг носи ризик од срцеви заболувања.

Тест бр. 2: Положба на штица

Овој тест од вас бара да останете во положба на штица (види слика) две минути. Иако изгледа како краток период, почетниците нема да го издржат. Доколку и вие паднете, тоа значи или дека стомачните мускули не ви се доволно извежбани и спремни за поголем напор или дека имате прекумерна тежина. Решението е вежбање на полесни, а поедноставни вежби кои со тек на време ќе ви дадат цврстина во стомакот и ќе ве спремат за понатамошните предизвици.

Тест бр. 3: Седнување и станување

Обидете се да седнете и станете од подот со што е можно помала помош од рацете. Тоа е целиот тест, за кој истражувањата покажуваат дека ако успеете да го поминете, тогаш имате многу поголеми шанси да живеете подолго.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар