3 едноставни начини да останете смирени кога сте опколени со луѓе без осет

3 едноставни начини да останете смирени кога сте опколени со луѓе без осет

Без разлика колку се обидувате да го задржите вашиот позитивен став, многу често ќе се наоѓате во ситуации каде што ќе бидете опколени со негативни луѓе што немаат никакво разбирање за вашите емоции. Нивното однесување ќе ви влијае до тој степен што нема да можете да ја задржите смиреноста, ниту пак оптимистичниот поглед на светот. Но не грижете се, постојат неколку тактики што ќе ви помогнат да се „исклучите“ од нивното влијание и да продолжите да си функционирате на вашиот природен начин.

3 едноставни начини да останете смирени кога сте опколени со луѓе без осет

1. Фокусирајте се на себе

Кога сте соочени со негативен став, една од најдобрите работи што можете да ги направите е да се фокусирате на себе. Без оглед на тоа што другите прават или зборуваат, вие можете да ги контролирате вашите реакции така што ќе си ги поставите следниве прашања:

  • Како реагирам на оваа ситуација?
  • Како можам да ја направам оваа реакција попозитивна?

Иако не можете да го контролирате туѓото однесување, вие можете да имате целосна контрола над себе и своите реакции. Доколку си ги поставите овие прашања, ќе се освестите за тоа што во моментов ви се случува, ќе ги разберете подобро сите емоции што ве преплавуваат и ќе знаете како полесно да се справите со нив.

2. Одберете ја спротивната реакција

Уште една одлична тактика на справување со луѓе без осет е да се обидете на секунда да се воздржите од тоа што ви доаѓа природно да го направите и да го извлечете од себе спротивното. Кога некој се однесува на негативен начин, вие обидете се да бидете позитивни, иако во себе чувствувате многу негативности. Или пак, ако ви доаѓаат песимистични мисли, изговорете ги оние оптимистичните. Со одлуката да реагирате позитивно, вие ќе почнете така и да се чувствувате. Пред да забележите, целото расположение ќе ви се подобри и нема воопшто ни да се грижите за однесувањето на оние околу вас.

3. Ништо не сфаќајте лично

Понекогаш можеби ќе ви биде тешко да се сетите на ова, но најголемиот број ситуации со луѓе што немаат осет и се негативни, не се предизвикани од тоа што вие го правите или говорите. Можеби негативната личност има лош ден или тежок период во својот живот, па се носи со големи количини стрес за кои вие не сте ни свесни. Никој не може да знае што се случува во нечија глава, па затоа е добро да стекнете навика ништо да не си земате при срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар