25 работи што не треба да ги направите пред да наполните 25 години

25 работи што не треба да ги направите пред да наполните 25 години

Кога ќе ја поминеме 20-тата година од животот, сите почнуваме да чувствуваме притисок дека треба да се однесуваме посериозно. Секојдневието ни наметнува повеќе обврски и одговорности и ни се чини како некој буквално да нѐ турнал во светот на возрасните. Но, не мора да брзаме да ја направиме таа неопходна транзиција веднаш штом наполниме 22 или 23 години. Постојат неколку работи што не треба да ги правите барем сѐ додека не наполните цели 25 години. Прочитајте за што станува збор…

25 работи што не треба да ги направите пред да наполните 25 години

1. Не треба да се жалите дека стареете

Треба да бидете свесни дека ако имате 25 години тоа не значи дека сте стари, ниту, пак, доколку имате 26, 27, 28, 29 и 30 години. Колку години и да имате тие не се знак на старост. Сѐ зависи од тоа како се чувствувате.

2. Не треба да се однесувате како пензионери

Ако сте наполниле 25 години тоа не значи дека треба да се однесувате како пензионери. Доколку никогаш не ви биле интересни забавите до раните утрински часови, тоа е сосема друга приказна. Но, ако се воздржувате само затоа што мислите дека „не ви личи на годините“, многу пропуштате. Живејте го животот со полни гради!

3. Не треба да се чувствувате виновни ако се однесувате како пензионери

Од друга страна, пак, „пензионерскиот“ живот исполнет со гледање серии сами дома во сабота вечер понекогаш знае да биде забавен. Понекогаш тоа е токму она што ви треба и не треба да се чувствувате виновни поради тоа.

4. Не мора да се свршите или венчате

Дали поголемиот дел од вашите соученици од средно се венчале? Вашиот профил на Фејсбук е преплавен со фотографии од свадбите и бебињата на вашите пријатели? Па, што?! Не мора да се венчате сега, а и не мора да се венчате никогаш доколку не сакате. Не мора да започнете сериозна врска ако не сте подготвени, само затоа што сите околу вас имаат партнер.

5. Не мора да имате деца

Во овој период можеби ќе слушате како ви велат дека овие години се совршени за основање семејство и раѓање деца. Вашите мајки постојано ќе ве потсетуваат дека ве родиле на 25 години. Тоа не значи дека треба да се „фрлите“ на работа и да почнете да „правите“ деца. Тоа е голем чекор и треба да бидете добро подготвени од секој можен аспект доколку се решите да го преземете.

25 работи што не треба да ги направите пред да наполните 25 години

6. Не мора да живеете сами

Никој не очекува од вас веднаш да се осамостоите. Живееме во тешки времиња и во ред е да се одложи овој чекор и да се остави за период кога ќе бидете максимално финансиски и психички подготвени. До тогаш можете да се обидете да живеете со цимери.

7. Не мора да оставите сѐ и да тргнете на пат околу светот

Веројатно сте сретнале многу статии кои советуваат дека 20-тите години се идеални за пат околу светот. Патувањето е секогаш добредојдено, но дали треба да се откажете од сѐ без никаков план и идеја како ќе продолжите понатаму кога вашата авантура ќе заврши? Секако дека не. Ваквите патувања нудат бесценети искуства, но дефинитивно не се за сите.

8. Не мора веќе да ја имате пронајдено работата од вашите соништа

Во ред е ако сѐ уште не сте сигурни што би сакале да работите до крајот на животот и во која професија најмногу се пронаоѓате.

9. Не треба да бидете комплетно несигурни во врска со тоа што сакате да правите во животот

Во ред е да се чувствувате по малку изгубени во вашите 20-ти години, но треба да имате генерална идеја околу тоа како сакате да го живеете животот. Не заборавајте дека секогаш треба да го правите тоа што го сакате. Само така никогаш нема да погрешите.

10. Не мора постојано да се храните здраво

Секако дека треба да практикувате исхрана полна со овошје и зеленчук, но вие сте возрасни и можете сами да одлучувате за себе. Тоа понекогаш значи дека вашата вечера ќе се состои од торта и евтин шампањ, затоа што едноставно така се чувствувате. Добрите вести се што вашето тело сѐ уште може брзо да заздрави од лошата исхрана, така што искористете го тоа максимално!

25 работи што не треба да ги направите пред да наполните 25 години

Продолжете на следната страница за останатите работи што не мора да ги правите пред да наполните 25 години…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар