2018 година ќе ви го смени животот само ако вие решите да го сторите тоа

2018 година ќе ви го смени животот само ако вие решите да го сторите тоа

Се довлечкувате дома во 4 часот по полноќ на 1-ви јануари, сѐ уште опиени од новогодишната прослава. Седнувате на каучот и незадоволно сфаќате дека ништо се нема сменето. Се чувствувате исто како и претходно иако си ветивте дека во 2018 година сѐ ќе биде поинаку. Ќе им ставите крај на неуспешните врски, на емоционалниот багаж и на напорната работа.

2018 година ќе ви го смени животот само ако вие решите да го сторите тоа

И покрај тоа, вие сте се свиткале на каучот, на 1-ви јануари 2018 година во 4 часот по полноќ и пијано размислувате за сите кратки љубовни врски, за болката што сте ја потиснувале изминативе 20 години и за неинспиративната работа со која заработувате едвај за да ги платите сметките.

Не би требало да биде вака, се согласувате? Би требало да влезете во новата година среќни и здрави, со успешна врска и добра работа. Мислите дека треба да станете најдобрата верзија од себе во моментот кога часовникот ќе отчука полноќ на 1-ви јануари. Во тој момент, сите проблеми што сте ги имале во 2017 година би требало магично да исчезнат. Одеднаш, вие би требало да го започнете животот од вашите соништа.

Тоа е возможно само во бајките. Во 2018 година ќе мора да се соочите со суровата реалност на новите почетоци. 2018 година ќе ви го промени животот само ако вие решите да го сторите тоа.

Во 2018 година мора да бидете подготвени за да станете подобри, мора да бидете посветени за да го изградите животот од вашите соништа. Ако не решите дека треба да се промените оваа година, вашиот живот ќе стагнира и кога ќе пристигне 2019 година, ќе останете заглавени во истите проблеми што со години одбивате да ги решите. Во 2018 година, обидете се да станете најдобрата верзија од себе. Вложувајте труд за да го живеете животот што го заслужувате. Вложувајте многу труд!

2018 година ќе ви го смени животот само ако вие решите да го сторите тоа

Ако барате стабилна љубовна врска, одвојте време за да се преиспитате себеси оваа година. Сфатете дека стравот од обврска ве спречува да ја доживеете стабилноста по која копнеете. Разберете дека стравот од интимност ја уништува врската со вашиот партнер и не ви дозволува да ја почувствувате љубовта што ја заслужувате. Треба да станете свесни дека тоа што имате одреден „тип“ ве заробува во врски со истите љубовни партнери кои не ви одговараат и не ви дозволуваат да си ги проширите погледите. Донесете одлука дека треба да запознавате луѓе кои ќе ве сакаат со сето нивно срце и ќе ви помогнат да ги надминете стравовите. Во 2018 година, посветете се на љубовта и интимноста и вашиот љубовен живот ќе процвета на начин што сте мислете дека е возможен само во вашите соништа.

Ако сакате да ѝ ставите крај на вашата емоционална болка, посветете се на потрагата по среќата. Разгорете ја страста кон работите што сте ги оставиле зад себе. Поминувајте време во природа, слушајте музика и занимавајте се со уметност. Правете го она што ви причинува задоволство. Зближете се со луѓето кои ве мотивираат и ослободете се од токсичните пријатели. Побарајте ја помошта што ја заслужувате. Во 2018 година, самите создадете ја вашата среќа и светот повторно ќе стане ведар и позитивен.

Ако копнеете по нова кариера, почнете да го поплочувате патот кон посветла иднина оваа година. Дознајте што е она што ве исполнува, што би ја пополнило празнината во вашиот професионален живот и почнете да го барате тоа. Анализирајте ги вашите моментални вештини и одвојте време за да ги развиете вештините што ви требаат за вашата кариера од соништата. Аплицирајте за оние работни места кои ве привлекуваат, дури и да мислите дека не сте доволно квалификувани. Научете како да се справите со одбивањата и стремете се кон напредок, наместо да се откажувате по првата пречка. Во 2018 година, обидете се да ја изградите кариерата од вашите соништа и вашиот професионален живот ќе биде исполнет со нови и возбудливи можности.

Во 2018 година обидете се да го претворите вашиот монотон живот во животот од вашите соништа. На 1-ви јануари, кога ќе седите пијани на каучот во 4 часот по полноќ и ќе копнеете по поисполнет живот, сетете се дека 2018 година ќе го промени вашиот живот, само ако вие решите да го сторите тоа.

За да бидете сигурни дека ќе ги остварите сите ваши планови, направете листа со чија помош 2018-та година ќе ви стане најдобрата година досега.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар