20 прашања кои мора да си ги поставите во животот

Дали светот би бил подобро место ако поставуваме повеќе прашања? Тажната вистина е што општеството повеќе ги сака одговорите отколку прашањата. Многу од нас го запоставуваат важниот дел од личното откривање – себепрашувањето. Па, кои прашања би требало да си ги поставите? Никој не може да ви го даде правилниот одговор, но можеме да ви кажеме неколку насоки. Во продолжение погледнете кои се 20-те прашања кои би требало да си ги поставите во животот.

20 прашања кои мора да си ги поставите во животот

За вашата личност

Истражувањето на вашата личност или работите кои ве прават вас, е клучно за себеоткривањето. Нормално е да немате секогаш јасен одговор на овие прашања. Животот може да биде навистина непредвидлив, па немојте да бидете премногу строги кон себе.

1. Дали сум среќен/среќна?

2. Дали продолжувам да учам?

3. Дали сум онаму каде што сакам да бидам?

4. Дали го живеам животот како што сакам да го живеам?

5. Дали давам и добивам љубов?

За вашата професија

Речиси половина од животот го поминуваме работејќи. А во зависност од вашата перцепција, ова може да биде или добро или лошо. Вистината е дека без разлика дали работите нешто што го сакате или не, треба секогаш да бидете благодарни за вашиот приход. Покрај тоа, секогаш можете да направите промена ако нешто не ви се допаѓа.

1. Дали правам нешто што ме прави среќен/среќна?

2. Дали правам разлика со моите избори?

3. Дали сакам да останам во оваа кариера? Зошто?

4. Дали сум благодарен/благодарна за оваа работа и плата бидејќи ми овозможува…?

5. Дали правам напор професионално да се подобрам?

За вашиот производ

Под производ се подразбираат работите кои ги креирате со намера. Овде може да станува збор за емоции, однесување, како и некој производ, волонтирање и слично. Со други зборови, што е она што го оставате во светот?

1. Дали на општеството му давам нешто за возврат?

2. Дали правилно се справувам со времето и напорите?

3. Дали свесно се обидувам да бидам добар, од помош и дарежлив?

4. Дали се вклучувам во животот?

5. Што оставам во наследство за другите?

За вашите „други работи“

Вашите „други работи“ се прашања кои потекнуваат од вашата душа. Прашања кои само вие можете да си ги поставите и одговорите. Постојат копнежи во душата што ви го бараат вниманието. А само со вашето внимание можете да влезете во нематеријалното. Иако природата на овие прашања е индивидуална, овие примери ќе ви покажат како би изгледале.

1. Дали верувам во судбина или слободна волја?

2. Дали универзумот може да праќа и да добива сигнали?

3. Постои ли повеќе од еден вид свест (на пример колективна свест)?

4. Има ли повисока интелигенција? Ако да, тогаш што?

5. Има ли нематеријална компонента на човечкото постоење?

„Учете од вчера, живејте денес, надевајте се за утре. Важното нешто е да не престанете да поставувате прашања. Љубопитноста постои со причина.“ – Алберт Ајнштајн

Погледнете ги и овие прашања што ќе ви помогнат да си го подобрите квалитетот на животот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар