19 болни вистини за животот кои мора да ги знаете

19 болни вистини за животот кои мора да ги знаете

Вашиот живот може да биде неверојатно убав и добар, како од бајка. Но, имајте на ум дека понекогаш животот може да биде и суров. Ви откриваме 19 вистини за животот кои никој не сака да ги признае, но едноставно мораме сите ние да ги знаеме.

1. Нема да бидете ослободени од болка во текот на целиот живот

Лоши работи се случуваат, и секогаш ќе се случуваат. Но, без тежина лесното не би било лесно, а без болка нема да знаеме да ја цениме среќата. Освен тоа, лошото може да претвори во злато, бидејќи ни помогнало да израснеме и да одредиме некоја цел, односно нè направило посилни и попаметни.

2. Вашите зборови имаат моќ

Кажете го она што сметате дека е важно. Но, бидете внимателни. Мудро избирајте ги зборовите. Тие може да посрамотат, да скршат срца и да ги натераат луѓето да скокнат од мост. Зборовите се како топ, кога еднаш ќе излетаат, нема враќање. Но, вашите зборови, исто така може да бидат помош за другите, да им дадете сила и радост.

3. Љубовта не е доволна

Некои луѓе едноставно не се еден за друг. Нивните потреби, желби и цели не се исти, па од врската создаваат пекол. Самата љубов не ги решава проблемите, без разлика колку се сакаме.

4. Љубовта кон себеси не е доволна

Ние сме општествени суштества. Потребни ни се другите. Потребна ни е нивната топлина како што на растенијата им е потребно сонцето. Апсолутната независност е обичен сон.

5. Без труд, големите соништа и талентот не носат ништо

Без тешка работа и упорност, односно без постојано станување после бројни удари, нема да стигнеме далеку. Сигурно неколку светски таленти сѐ уште живеат со својата мајка.

2-19-bolni-vistini-vo-zhivotot-koi-mora-da-gi-znaete-www.kafepauza.mk_

6. Можете да го дадете вашиот максимум и повторно да пропаднете

И тоа е затоа што вашиот максимум не бил доволен. Или бидејќи среќата досега не била на вашата страна. За жал, многу нешта не се под наша контрола.

7. Парите и имотот нема да ве направат среќни

Парите го зголемуваат она што веќе било тука. Ја нема таа самотија, тага или внатрешна празнина што може да се излечат со пари.

8. Колку повеќе ја барате среќата, толку побрзо ќе ви избега пред носот

Запомнете: „Среќата е како пеперутка. Ако ја ловите, ќе ви избега. Седнете и ќе ви слета на рамото“.

9. Не може да му одговарате на секого

Нема секој да ве сака. Ако се прилагодувате, можеби ќе бидете прифатени, но за нешто коешто всушност не сте. А, тоа ќе се открие пред или подоцна. Треба да останете верни на себе, и тоа ќе ви даде крилја.

10. Само вие можете да влијаете на сопствената вредност

Не е проблем нашата несовршеност, туку нашите нереални, нечовечки апетити од нас самите. Ниту со тесниот струк, ниту со рамниот стомак, ниту со дебелата банкарска сметка нема да бидете задоволни од самите себе ако уште сега не научите да ги негувате вашите чувства за себе.

3-19-bolni-vistini-vo-zhivotot-koi-mora-da-gi-znaete-www.kafepauza.mk_

11. Никој не се интересира за она што го ветувате – тоа што се брои се вашите дела

Преземете одговорност за сопствените дела и правете работи со кои барем малку ќе го подобрите светот.

12. Минатото е запишано, засекогаш

Што се случило, се случило. Страниците од минатото се испишани и не постои гума за бришење. Меѓутоа, сѐ додека дишете можете да учите од таа книга и секако, секојдневно да пишувате ново поглавје. Меѓутоа, минатото мора да го прифатите такво какво што е.

13. Не можете да ги промените, ниту да ги спасите другите луѓе

Не е во ваша моќ тоа што другите го прават или не го прават. Понекогаш сте направиле сѐ, и не сте добиле никаков резултат. А, понекогаш мора да продолжите понатаму, особено доколку со останувањето ви се заканува нешто лошо.

14. „Не знам“ и „Не можам“ всушност значат „Не сакам“

Вашиот партнер нема да се промени, бидејќи тој си е таков каков што е. Или тврдите дека не можете да го следите вашиот сон, бидејќи морате да плаќате сметки. Како што велат: „Кој сака нешто, ќе пронајде начин. Кој не сака, ќе пронајде изговор.“

15. Што потиснувате, тоа ќе ве стигне

Не можете да избегате од сопствените проблеми и чувства. Колку повеќе се обидувате, толку повеќе ќе растат во вас, а во еден момент ќе ве „изедат“. Соочете се со вашите проблеми и решете ги.

4-19-bolni-vistini-vo-zhivotot-koi-mora-da-gi-znaete-www.kafepauza.mk_

16. Никој нема да ве спаси

Нема принц на бел коњ, ангел, духовен гуру, психијатар или партнер што може да ве извлече од секоја ситуација без вие да мрднете со прст. Помошта е секогаш добредојдена, но на крајот само ние самите можеме да си помогнеме.

17. Имате „премалку време“ само ако го трошите залудно

Она што ни недостига не е време, туку одлука за правилно да го користиме. Постојано трчаме за „успех и среќа“, па понекогаш знаеме да се изгубиме на тој пат. Понекогаш е потребно да застанеме и да се запрашаме што ни е навистина важно? И тогаш да го направиме токму тоа…

18. Сите кога-тогаш ќе умрат

Некогаш е предоцна за извинување. Некогаш е предоцна и за да поминете повеќе време со саканите. Ако постојано го чекате „некогаш“ да дојде, можете само да плачете и да жалите, бидејќи не сте воделе доволно грижа за важните личности и работи.

19. И вие ќе умрете

Животот е непроценлив. Но, еден ден ќе згасне, ќе прекине. Како и овој ден. Затоа немојте да чекате премногу долго и уште сега тргнете кон она што ви лежи на срце.

Животот е непредвидлив, среќен, тажен, забавен, убав… Секој негов период има свој личен печат. За подобар и посреќен живот, овие кратки животни лекции кога-тогаш мора да ги научите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар