18 животни прилики кои никако не смеете да ги пропуштите - Part 2

18 животни прилики кои никако не смеете да ги пропуштите

(1) 18 животни прилики кои никако не смеете да ги пропуштите

10. Секогаш смејте се

Немојте да си дозволите еден лош момент да ви го уништи целиот ден. Гледајте на ова како лоша минута, а не како лош ден и сè ќе биде во ред. Стресот почнува кога вашата листа со грижи станува поголема од листата со благодарност. Токму затоа уште денес најдете нешто на што сте благодарни и почнете да го цените она кое го имате.

11. Бидете искрени и љубезни кон сите

Љубезноста во зборовите создава самодоверба и мотивација. Љубезноста во размислувањето создава позитивност и можност. Љубезноста во давањето создава сила и љубов. Преку неа вие имате можност да направите големи промени во секој живот кој ќе го допрете, вклучувајќи го и вашиот. Овозможете малку добрина, бидејќи таа има моќ да го смени светот.

12. Помагајте им на другите да си го подобрат животот

Вашето влијание е многу помоќно одошто мислите. Ништо не трае онолку долго како сеќавањата. На крајот од краиштата, оние нешта кои се помнат се нематеријални, како верувањата и чувствата. Материјалните нешта со текот на времето се распаѓаат, но големите мисли, искуства и приказни… Тие живеат вечно. Ако можете да го промените начинот на кој луѓето размислуваат и чувствуваат, начинот на кој се гледаат себе и светот, тоа значи дека можете да ги промените и нивните живот.

13. Живејте чесно и со интегритет

Интегритетот значи да го одберете своето делување врз основа на морални вредности, а не поради корист. Тоа значи да се живее чесно. Потребно е да ги правите вистинските нешта, без разлика на сè, дури и кога никој не знае дека го правите тоа. На крајот од денот, вашиот углед е тоа што луѓето го знаат за вас, но вашата чест е тоа што вие го знаете за себе.

14. Бидете чудни на свој начин

Сите ние сме чудни. Животот е чуден. Кога ќе наидеме на таква чудна уникатност во свет кој нè тера напорно да работиме, тоа го нарекуваме страст. Кога ќе пронајдеме личност чија чудност е компатибилна со нашата, тоа го нарекуваме љубов. А ако погледнете доволно далеку, ќе забележите дека воопшто не е чудно да се биде малку чуден.

15. Отворете ѝ се на љубовта

Вашата најголема задача не е да пронајдете љубов, туку да ги откриете и отстраните сите бариери во себе кои сте ги изградиле против неа. Дури и кога се плашите, имајте доверба и држете го вашето срце отворено. Мирот не е отсуство на проблеми, туку присуство на љубовта.

16. Затворете ја вратата на старите приказни

Доколку се држите до оние нешта кои веќе не постојат, вие ќе го забавувате вашиот раст. Некој од луѓето поминуваат голем дел од својот живот преживувајќи го минатото и дозволувајќи му да им влијае на сегашноста. Немојте да губите време да се обидувате да живеете во друго време и на друг простор. Опуштете се и префрлете се во сегашноста!

17. Дозволете си доволно време едноставно да бидете онаму каде што сте

Секогаш нешто ќе ви недостасува. Вие едноставно не можете да имате сè и затоа ви изгледа како нешто прекрасно да се случува некаде каде што не сте вие. Но, доколку сакате да живеете исполнето и среќно, вие мора да бидете благодарни за сите оние нешта кои веќе ги имате. Вашиот живот не се состои од тоа што го немате, туку од сè што досега сте успеале да постигнете.

18. Живејте вистински

Смејте се често и љубете со целото срце. Почитувајте ги другите и не судете. Ценете ја убавината која ве опкружува и пронаоѓајте го доброто во луѓето и ситуациите. Обидете се да го направите овој свет малку подобар од моментот кога сте го откриле и никогаш не престанувајте да истражувате. Живејте страсно и дишете длабоко. Тоа е живот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар