17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 година

17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 година

Дали пред почетокот на секоја нова година правите планови и си поставувате цели на кои заборавате до средина на февруари? Тоа се случува затоа што вашите очекувања се преголеми и при секој неуспех се демотивирате и откажувате. Тоа не мора да важи и за оваа година! Следниве 17 цели се едноставни и лесно остварливи, а можат да внесат значителна промена во вашиот живот. Подготвени сте за предизвикот? Остварете ги овие цели во 2017 година…

17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 година

1. Најдете физичка вежба што ви се допаѓа и во која уживате. Гледајте на тоа како време потрошено на самите себе, како време за релаксација и опуштање. Можете да вежбате дома, да се запишете на зумба, пилатес, на некој танц, па дури и на стрип-аеробик! Можностите се бесконечни!

2. Почесто јавувајте ѝ се на вашата баба. Можеби 20 минути ќе ве убедува да се омажите и да почнете со раѓање деца, но сето тоа вреди бидејќи ништо не може да ја замени нејзината среќа што се јавува кога ќе ви го чуе гласот.

3. Почестувајте се еднаш неделно. Не мора да биде нешто големо или посебно. Купете си цвеќе или почестете се со омиленото чоколадо. Вие го заслужувате тоа по напорната недела.

4. Истражете некој нов град. Отсекогаш сте сакале да одите во Хелсинки? Венеција? Виена? Секој месец тргајте на страна по малку пари и ќе можете да заштедите за да го посетите вашиот омилен град и да го разбудите авантуристичкиот дух.

17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 година

5. Фрлете ја секоја блуза со тврдокорна дамка на неа. Истото важи и за парчињата облека со дупки од молци на нив.

6. Напишете писмо на некој кој навистина ви значи. Залепете поштенска марка и испратете го писмото! Немате претстава каква реакција ќе предизвикате!

7. Научете да приготвувате ново јадење. Потоа поканете ги пријателите за да им ги покажете вашите одлични готвачки вештини.

8. Размислете која книга отсекогаш сте сакале да ја прочитате. Поставете си краен рок до кога би требало да ја завршите и држете се до него.

9. Стапете во контакт со две пријателки со кои немате зборувано со години. И потоа потрошете колку време сакате за да се потсетите на старите добри времиња.

17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 година

10. Научете нешто ново. Научете да свирите инструмент, да играте некој танц, да плетете, што и да е. Збогатете ги вашите вештини со нова и можеби ќе дознаете дека поседувате неоткриен талент!

11. Читајте по три статии секоја недела на тема што воопшто не ве интересира. Добивате бонус поени доколку се работи за политички статии што не се согласуваат со вашето лично мислење.

12. Откажете се од некоја активност што навистина ве исцрпува. Можеби вашиот тениски клуб не е тоа што беше или часовите по германски повеќе не ви претставуваат задоволство и предизвик. Не губете време на работи кои не ве исполнуваат повеќе.

13. Направете анализа на вашите трошоци и најдете три начини на коишто би можеле да заштедите. Дали членската карта за салата за вежбање која ретко ја користите ви е навистина потребна?

17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 година

14. Отидете на патувањето за кое сонувате уште од 2013 година. Со тоа што ќе ги скратите вашите трошоци, заштедените пари ќе можете да ги потрошите на нешто поголемо и повозбудливо како што е патување низ Италија, на пример!

15. Купете голем број роденденски, свадбени и други честитки. Ставете ги на сигурно место каде што нема да ви заземаат многу простор. Ќе бидете изненадени од тоа колку ќе ви се најдат!

16. Престанете да се чувствувате лошо поради ситниците што мислите дека не сте требале да ги направите. Па, што ако сте изеле мрсен хамбургер или сте потрошиле цел ден на гледање некое глупаво реално шоу?! Таквите мали „гревови“ го прават животот поубав.

17. Подарете им нешто на вашите родители и најблиски пријатели. Тоа не мора да биде нешто големо и скапо. Зошто да не направите рамка и во неа да ставите фотографии од вас и вашето друштво? Зошто да не подготвите ручек вие еден ден наместо вашата мајка? Ваквите ситници ќе им покажат на вашите најблиски колку ви значат и колку сте благодарни што се дел од вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар