16 знаци дека давате сѐ од себе за момчето кое не го заслужува тоа

16 знаци дека давате сѐ од себе за момчето кое не го заслужува тоа

Вистинска среќа е да се најде некој кој ќе умее во иста доза да ви ја возврати љубовта што ја подарувате. Но, за жал, во повеќето љубовни врски едниот партнер е оној кој повеќе вложува, но тоа не значи дека не очекува ништо за возраст. Кому не му треба љубов и внимание? Ако мислите дека и вашата врска може да спаѓа во овој вид, погледнете ги следниве знаци кои ќе ви помогнат да утврдите дали момчето кое го имате покрај себе ве заслужува или не.

16 знаци дека давате сѐ од себе за момчето кое не го заслужува тоа

1. Цело време мислите на него. Не постои ден а тој да не помине низ вашиот ум. Но, тој никогаш не ви кажува дека му недостигате или дека ве сака. Понекогаш се прашувате дали чувствата се целосно еднострани.

2. Целосно се средувате пред да треба да се сретнете со него. Се туширате, се бричите, ги лакирате своите нокти, се шминкате и се облекувате во она што најдобро ви прилега, а кога ќе се сретнете со него забележувате дека тој не вложил ниту малку труд во себе.

3. Секогаш вие го започнувате разговорот. Ако не му испратите порака за добро утро или ако не го претворите досадниот разговор во нешто интересно, тогаш нема да комуницирате цел ден.

4. Поминувате многу часови барајќи го идеалниот подарок за него. Тоа е во ред, но сѐ што добивате од него (а може и да не добиете ништо) е некој безначаен подарок кој би ѝ го купил на секоја девојка, ништо лично и поврзано со вас.

5. Само вие ги давате идеите за состанување. Вие сте иницијаторот за да излезете, вие го одбирате кафулето, вие предложувате да гледате филм, а тој само го следи тоа.

6. Му помагате во што било, затоа што неговата среќа ви значи многу. Во меѓувреме, тој воопшто не се обидува да ви помогне на своја иницијатива, туку секогаш треба да го прашате за тоа, а понекогаш дури и да го молите.

7. Кога имате проблем, вие сакате да седнете и да зборувате за тоа. Но, тој не сака да ги изразува своите чувства, па претпочита да ги игнорира проблемите и да се однесува како сѐ да е во ред.

8. Кога ќе ви се приближи некој друг маж, вие се чувствувате неудобно. Во тие моменти чувствувате како да правите нешто страшно, иако не ни флертувате. Во меѓувреме, вашето момче следи провокативни жени на Инстаграм, а дури и комуницира со некои од нив.

16 знаци дека давате сѐ од себе за момчето кое не го заслужува тоа

9. Секогаш кога зборува за себе, вие се трудите да запаметите сѐ. Но, тој заборава дури и основи работи за вас, како што е вашиот роденден или името на вашето милениче.

10. Вие секогаш ја имате контролата во сексот. Вие правите речиси сѐ. Дури и само вие му овозможувате орален секс.

11. Му давате комплименти секогаш кога имате шанса. За неговата брада, за неговата насмевка, за неговата интелигенција, но тој ретко ви враќа, а кога ви дава комплименти, тие најчесто се однесуваат на вашиот физички изглед, а не на вашата личност.

12. Му кажувате колку ќе бидете среќни ако живеете заедно, но тој никогаш не коментира на вашите заеднички планови за иднината. Тој не сака да зборува на вакви теми, па најчесто ја променува и темата на разговор.

13. Се обидувате да го вклучите во вашиот живот. Вие го поканувате да излезете заедно со вашите пријатели, а и да дојде на вечера кај вашите родители. Но, од друга страна, вие не знаете ништо за неговите најблиски, ниту пак ги имате запознаено.

14. Откако ќе се скарате со него, останувате дома и плачете. Но, тој не го прави тоа. И покрај сѐ, излегува со неговите пријатели и си поминува одлично. Вашата кавга не му е некаква пречка.

15. Вашиот профил на социјалните мрежи е преполн со слики од него. Но, тој никогаш не објавува нешто со вас или за вас. Дури го нема променето ниту љубовниот статус.

16. Правите сѐ за него. Буквално сѐ. Му го подаривте своето срце и својата душа. Но, тој не го цени тоа. Дури не ви се ни заблагодарува.

16 знаци дека давате сѐ од себе за момчето кое не го заслужува тоа


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар