16 начини за најдобриот секс кој некогаш сте го имале

16 начини за најдобриот секс кој некогаш сте го имале

Сексот е непресушен извор за истражување и токму тоа може да се потврди со фактот дека научниците секојдневно ни откриваат тајни кои можат да придонесат за подобар сексуален живот. Погледнете ги овие 16 начини на кои ќе ја зголемите страста во креветот…

16 начини до најдобриот секс кој некогаш сте го имале

1. Истражувачи од Холандија потврдиле дека носењето чорапи за време на сексот ја зголемува шансата за оргазам. Студенилото ја намалува сексуалната желба и кај двата пола, но на жените им е потребно многу повеќе топлина со цел да се почувствуваат посигурно и поопуштено.

2. Жените повеќе ги привлекуваат мажи кои не се смеат, додека пак, мажите повеќе ги привлекуваат жени кои се смеат.

3. Зголемената изложеност на сонце ја зголемува и сексуалната желба. Витаминот Д го поттикнува производството на тестостерон, половиот хормон кој е одговорен за либидото.

4. Феромоните се хемиски состојки во потта кои кај спротивниот пол можат да предизвикаат сексуална реакција. Едно американско истражување покажало дека тие можат да имаат влијание врз жените и до неколку часа подоцна, правејќи ги возбудени и среќни.

5. Истражувачи од Турција потврдиле дека мажите кои имаат поголем стомак издржуваат во кревет и до 5 минути повеќе од оние со рамни стомаци. Масните наслаги кои се собираат во стомакот укажуваат на зголемен естрадиол, женски хормон кој го успорува оргазмот.

6. Студиите потврдиле дека поскапиот прстен не е гаранција за добар брак. Но, од друга страна пак, изгледа дека колку е тој поскап, толку подолго трае бракот.

7. Мажите кои имаат 3-дневна брада им се многу попривлечни на жените од оние кои се совршено избричени. Жените овој изглед го поврзуваат со сексуалната зрелост.

8. Една студија од 2011 година потврдила дека бринетите се физички попривлечни, поинтелигентни и попристапни отколку блондинките и црвенокосите.

9. Бакнувањето ја подобрува интимноста, го намалува стресот и количината на холестеролот.

10. Лошиот избор на парфем може да има лошо влијание врз сексуалниот однос. Дури 56% од жените не би сакале да излегуваат со маж кој има сличен мирис на нивниот татко. На тој начин телото природно се бори против можниот инцест.

11. Според истражувачи од Франција, мажите кои обожаваат зачинета храна најчесто имаат повисоко ниво на тестостерон од оние кои не сакаат таква храна.

12. Жените во црвена облека им се многу попривлечни на мажите од оние во која било друга боја.

13. Методот на повлекување е успешен во 96% од ситуациите, но сепак се препорачуваат презервативи како заштита од несакана бременост.

14. Оргазмот ја намалува, а понекогаш и целосно ја спречува мигрената.

15. Мажите со висока самодоверба многу почесто добиваат орален секс од оние кои имаат проблем со самопочитта.

16. Студиите покажале дека мирисот на лаванда и на питата од тиква го зголемува дотокот на крв во пенисот и до 40%.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар