15 слатки пораки кои можете да ги пратите ако сѐ уште не сте спремни да кажете „Те сакам“

15 слатки пораки кои можете да ги пратите ако сѐ уште не сте спремни да кажете „Те сакам“

Ако отсекогаш сте имале проблем да се воздржите од искажување на она што ви се мота низ умот, тогаш дефинитивно сте биле во неволја повеќе од еднаш. Ова особено се однесува за искажувањето емоции кон луѓето што ни се драги и блиски. Па, доколку чувствувате како полека се вљубувате во некоја личност, тогаш познавајќи се себеси, дефинитивно не можете да кажете што сѐ може да произлезе од вашата уста нареден пат кога ќе излезете на романтичен состанок.

15 слатки пораки кои можете да ги пратите наместо „те сакам“ ако сѐ уште не се спремни за нив

Можеби вие не знаете начин како да престанете да се изразувате себеси толку искрено, што е само по себе ризик да го исплашите вашиот партнер или партнерка. Можете да се извежбате да кажувате нешта коишто се малку посуптилни од „те сакам“ доколку сметате дека е премногу рано за толку силни зборови или не сте доволно спремни за таков чекор.

Во ваквите моменти, многу е практично да имате при рака 15-тина фрази кои ќе ви помогнат доколку не се чувствувате удобно да ги изговорите или сте срамежливи по природа. Без разлика која е вашата причина што не сте подготвени за тие два големи збора, тоа не значи дека не можете воопшто да ги споделите вашите емоции со саканата личност, напротив постојат многу начини да го направите без тие зборови. Сѐ што ви е потребно е малку креативност и правилно селектирани емотикони, за да го споделите срцето со личноста којашто ви го растреперува срцето. Еве 15 добри идеи:

Кажете му/ѝ како прави да се чувствувате:

1. Јас едноставно не можам да си дојдам на себе колку сум среќен/на со тоа што те познавам и те имам во својот живот. 🍀😍

2. Ти точно знаеш како да направиш да се чувствувам посебно. Стварно ми е драго што те запознав. 🤭

3. Никој досега не предизвикал да се чувствувам на начинот на кој ТИ правиш да се чувствувам.

4. Хеј ти, само сакав да ти кажам „ти благодарам“ за тоа што си.

5. Моето тело го сака твоето тело – едноставно, сметав дека треба да го знаеш тоа. 😉

15 слатки пораки кои можете да ги пратите наместо „те сакам“ ако сѐ уште не се спремни за нив

Кажете му/ѝ како вие се чувствувате за него/неа:

6. Во случај да не знаеше, ти МНОГУ ми значиш мене.

7. Можеби звучи по малку сладуњаво, но вистината е дека јас секој ден се грижам сѐ повеќе за тебе. 🌽🌽🌽

8. Што би рекол/рекла, доколку ти кажам дека мислам дека ти си можеби мојата најомилена личност на сите времиња? (Бидејќи навистина си.) 🤷‍♀️

9. Навистина се надевам дека знаеш колку си ми важен/на. 😍

10. Ти си навистина неверојатна личност и многу сум благодарен/на што те имам во мојот живот. 💋💋💋

Кога не знаете што да изустите, можете едноставно да му/ѝ кажете цитат од некој романтичен филм:

11. „Мислам дека ќе ми недостасуваше, дури и ако никогаш не те запознаев.“ – Датумот на венчавката (The Wedding Date)

12. „Многу ми се допаѓаш. Токму онаков/ва каков/ва што си“ – Дневникот на Бриџит Џонс (Bridget Jones’s Diary)

13. „Јас едноставно сум… среќен/на. Никогаш не сум се чувствувал/а вака претходно. Јас сум точно онаму каде што сакам да бидам.“ – Вечниот сјај на беспрекорниот ум (Eternal Sunshine of the Spotless Mind)

14. „Ако ти си птица, и јас сум птица.“ – Бележникот (The Notebook)

15. „Би сакал/a да имав можност да направам сѐ што може да се направи на планетата Земја, заедно со тебе.“ – Големиот Гетсби (The Great Gatsby)

15 слатки пораки кои можете да ги пратите наместо „те сакам“ ако сѐ уште не се спремни за нив

Наравоучение: Само затоа што не се чувствувате подготвени да ги изговорите тие 2 збора, тоа не значи дека треба да се воздржувате до степен да не споделите со таа посебна личност во вашиот живот, како навистина се чувствувате во врска со неа/него. Половина од чувството на заљубеност, е во изразувањето на вистинските емоции. Покрај тоа, никогаш не би можеле да знаете со сигурност, дали и личноста од другата страна на клупата просто не умира за да ви го каже истото вам, а овие пораки се идеалната доза храброст којашто ви е потребна, за да бидете спонтани и го искажете она што искри во вас.

Доколку сте подготвени за магичните зборови, прочитајте ги и овие: 25 едноставни начини да кажете „Те сакам“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар