15 работи што ќе ги научите кога нема да имате на кого да се потпрете

15 работи што ќе ги научите кога нема да имате на кого да се потпрете

Има периоди во животот кога ви се чини дека сите луѓе околу вас ве напуштиле. Се чувствувате осамено и беспомошно. Немате кому да се обратите и на кого да се потпрете. Се чувствувате како да сте оставени сами на светот. Колку и да ви се чини оваа ситуација безнадежна, можете да ја извлечете нејзината позитивна страна и да научите нешто од сето тоа. Ова се 15-те работи што ќе ги научите кога нема да имате на кого да се потпрете…

15 работи што ќе ги научите кога нема да имате на кого да се потпрете

1. Ќе научите дека колку и да се обидувате да објасните нешто, многу луѓе ќе ве разберат дури откако истото ќе им се случи ним.

2. Ќе сфатите дека на крајот само вие можете да си помогнете себеси и тогаш ќе почнете активно да ги решавате вашите проблеми.

3. Полесно ќе ви биде кога нема да разговарате за некои работи, бидејќи потсвесно ќе почнете да очекувате нешто да се случи и ќе се разочарате кога нема да се случи она на кое сте се надевале.

4. Ќе сфатите кои луѓе се грижат за вас, а кои глумат. Само во тешките периоди ќе можете да ги препознаете вистинските пријатели.

5. Ќе сфатите дека некои од вашите најдобри пријатели не ве познаваат целосно, туку познаваат само еден дел од вас. Со други зборови, тие ве сакаат кога сте среќни, но не и кога сте тажни.

6. Некои луѓе ги потценуваат вашите проблеми, бидејќи не се опасни по живот и затоа не сакаат да ве сослушаат. Бегајте од тие луѓе што е можно подалеку.

7. Ќе почнете да барате одговори наместо да барате одобрување и решенија надвор од себе. Тоа значи дека ќе ги правите работите според вашата сопствена проценка.

8. Ќе научите како да бидете одговорни за својот живот. Ако згрешите нешто, вие ќе преземете одговорност и нема да ги обвинувате другите луѓе за сопствениот неуспех. Ќе научите како да ги водите своите битки, бидејќи не се сите луѓе на ваша страна.

15 работи што ќе ги научите кога нема да имате на кого да се потпрете

9. На потешкиот начин ќе научите како да се прифатите себеси. Тешко е кога мислите дека сте сами, но уште потешко е кога мислите дека не сте вие виновни за тоа. Мислите дека сте лоши пријатели, но на крајот ќе научите да не ги сфаќате лично работите и да бидете силни и независни.

10. Ќе научите да се соочите со осаменоста. Ќе ги прифатите вашите мисли, збунетост и стравови. На крајот ќе станете бестрашни.

11. Ќе почнете да сфаќате дека сите имаат некаква улога во вашиот живот, само што некои улоги не се толку важни. Некои луѓе се само привремени гости во вашиот живот и нема да ви бидат пријатели засекогаш.

12. Ќе станете повнимателни кога се во прашање идните врски. Веќе нема да бидете толку наивни и нема да верувате на сечии зборови. Ќе им поставувате граници на луѓето кои можеби не се интересираат за вашата благосостојба.

13. Понекогаш подобро е да не им кажувате на луѓето сѐ за себе, бидејќи никогаш нема да можете да знаете како и кога некој ќе го искористи тоа против вас.

14. Ќе сфатите дека можете сами да станете по доживеаниот пад и дека немате потреба да се потпрете на некого.

15. Ова е најтешката, но и најважната лекција: Можете да преживеете единствено ако се борите сами за себе, бидејќи некои луѓе само сакаат да ве повлечат на дното.

Прочитајте ги и следниве 8 важни животни лекции кои ги учиме од негативците во нашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар