15 нешта што ги сфаќаме кога нема да можеме да се потпреме на никого

15 нешта што ги сфаќаме кога нема да можеме да се потпреме на никого

Сите ние некогаш сме се чувствувале осамени и сме верувале дека немаме кому да се обратиме бидејќи сме мислеле дека никој нема да нè разбере. Кога во животот ќе се случат некои настани и ќе се најдеме во ситуација кога нема да имаме некој на кој би можеле да се потпреме тогаш ни стануваат јасни многу нешта. Овие нешта можеби претходно не сме можеле во целост да ги видиме, како да сме биле слепи верувајќи им на сите. Кога ќе дојдат тешки времиња запомнете дека и од нив може да се научат важни животни лекции. Колку порано ги сфатите овие нешта, толку поубаво!

1. Учиме дека понекогаш можеме да се обидеме некому нешто да објасниме, но луѓето ќе го сфатат тоа дури кога истото ќе им се случи ним.

2. Почнувате да сфаќате дека на крајот само вие можете да си помогнете себеси и почнувате активно да ги решавате проблемите.

3. Полесно е да не разговарате за некои работи бидејќи потсвесно почнувате да очекувате дека тие ќе се случат и ќе се разочарате ако не се случи тоа што сте мислеле дека ќе се случи.

4. Сфаќате кој се грижи за вас, а кој глуми. Во тешките времиња се препознаваат вистинските пријатели.

5. Некои ваши најдобри пријатели не ве познаваат вистински туку само еден дел од вас. Со други зборови, ве сакаат кога сте среќни, но не и кога сте тажни.

6. Некои луѓе ги потценуваат вашите проблеми бидејќи не се опасни по живот и поради тоа нема да ве слушаат. Од таквите луѓе бегајте подалеку.

7. Почнувате да барате одговори наместо да барате одобрување и решенија над себе. Тоа значи дека постапувате спрема сопствената проценка.

8. Учите да бидете одговорни за сопствениот живот. Ако нешто згрешите, вие сте сами одговорни и не ги обвинувате другите за својот неуспех. Едноставно учите како да ги водите сопствените битки бидејќи не сите се на ваша страна.

9. На потежок начин учите како да се прифатите себеси. Тешко е кога мислите дека сте сами, а уште потешко е ако мислите дека не сте виновни за тоа. Мислите дека сте лоши како пријатели, но на крајот учите дека некои работи не треба да ги сфаќате лично и сте силни додека сте сами.

10. Учите да се носите со осаменоста. Ги прифаќате своите мисли, збунетоста и стравовите. На крајот станувате бестрашни.

11. Почнувате да сфаќате дека секој има некоја улога во вашиот живот, а улогата на некои луѓе не е воопшто важна. Некои се тука само привремено и нема да ви бидат пријатели до крајот на животот.

12. Станувате повнимателни кога се во прашање идните врски. Не сте повеќе доверливи, не верувате лесно на сè. Поставувате граници со оние на коишто вашата добросостојба не им е во интерес.

13. Понекогаш е подобро да не им кажувате на луѓето сè за себе бидејќи никогаш нема да знаете како тоа би можеле да го искористат против вас.

14. Сфаќате дека сами можете да се дигнете после паѓање и дека на никого не мора да се потпрете.

15. Ова е тешка лекција, но и најважна. Можете да преживеете единствено сами бидејќи некои луѓе се тука само за да ве повлечат кон дното.

Дознајте и кои се нештата што би било убаво да ги знаевме порано.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар