15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

15 начини да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

Нередот во домот најчесто не е предизвикан од мрзеливоста или пак недостатокот на самопочит, туку едноставно затоа што некои луѓе не можат да најдат доволно простор за да ги складираат сите нивни работи, особено ако просторот за живеење е релативно мал. Но, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да ги складирате работите, при што ќе можете да пронајдете место за речиси сѐ. Погледнете како да го направите тоа.

1. Виткајте ги работите за да ви се ослободи простор во плакарот

За да го средите вашиот плакар и истовремено да имате повеќе слободен простор, не само што треба да знаете кои работи повеќе не ви се потребни па истите да ги отстраните, туку исто така треба да научите да ги виткате останатите работи, при што ќе имате простор повеќе да складирате.

15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

2. Користете прегради во фиоките и полиците

Преградите ќе ви овозможат ефикасно да ги зачувате вашите работи, во согласност со нивната големина и намена, што значи дека ќе потрошите помалку време за да го најдете она што ви треба.

15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

3. Секогаш постои дополнителен простор којшто можете да го искористите

Не е тајна дека просторот под креветот е одлично место за да се чува постелнината и други работи. Некои луѓе тука создаваат и цел плакар, а исто така доколку сте во можност можете да направите и фиоки под вашите скали. Ова ќе направи голема разлика доколку живеете во мал простор.

15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

4. Искористете го канцеларискиот материјал за во кујната

Можете да ги искористите старите цедиња и во улога на подметнувачи за вашите тенџериња и тави. Исто така можете да искористите некоја од старите папки во улога на организатор за вашите капаци и слично.

15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

5. Декоративните кутии се одлични за складирање работи кои не ги користите секојдневно

Ова звучи многу очигледно, но многумина забораваат на тоа колку оваа идеја може да биде корисна. Уште подобро е да ставите етикета на секоја кутија, при што ќе можете полесно да ги најдете работите кои сте ги користеле одамна и сте заборавиле каде сте ги ставиле. Не мора специјално да купувате кутии за оваа намена, туку истите можете да ги направите самите со користење картон и леплива лента или материјал.

15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

6. Не мора да ги чувате чевлите во нивните оригинални кутии

Ако имате голем број чевли, но не и доволно простор за нивните кутии, тогаш треба да се обидете да направите полица за нив. Лесно е и доста практично.

15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

7. Не кријте ги работите кои ги користите секојдневно

Не треба да ги чувате надвор од дофат работите што ги користите секојдневно, како на пример вашиот накит или вашите шминки. Можете да ги ставите на посебен држач кој самите ќе си го направите или ќе го купите од продавница. Не чини многу, а ќе ви биде од голема корист.

15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

Погледнете уште 8 предлози на наредната страница

8. Постои место за секој мал предмет

Закачалката за вашите вратоврски или каиши зазема мал простор во плакарот или на ѕидот, а на овој начин никогаш повеќе нема да ги губите овие мали додатоци. Можете да купите некоја или самите да ја направите.

15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар