15 креативни начини за запознавање нови пријатели во возрасните години

Имате потешкотии при запознавањето нови пријатели во повозрасните години? Верувајте ни, не сте единствени! Изгледа дека како што минува времето, така потешко ни е да пронајдеме истомисленици и да се поврземе со нив. Но, не грижете се! Постојат неколку начини на кои можете да излезете од вашата удобна зона и да го проширите кругот на пријатели. Прочитајте во продолжение како…

1. Пронајдете ново хоби. Тоа ќе ви биде од голема помош. Особено доколку е потребно да излезете од дома за да го направите. Тоа ќе ви овозможи да почнувате разговори со леснотија пред да се префрлите на теми кои се лични. Повеќето од луѓето обожаваат да зборуваат за нивните хобија, особено со останатите кои се занимаваат со иста активност како нивната.

2. За тие што имаат потешкотии при воспоставување контакт и развивање некаков однос со останатите, советот што треба да го применат е да почнат да им даваат искрени комплименти на луѓето кои штотуку ги запознале. Општеството знае да биде многу сурово, а нашите емоции и несигурности често знаат да предизвикуваат непријатности. Доколку видите некој да носи маичка со бенд или филм кој вие го обожавате, нема да ви претставува проблем да започнете со разговор и потоа да го продолжите. После тоа, можете да се префрлите на различни теми за некои локални места кои уживате да ги посетувате и пред да забележите, вие веќе имате пријател со кого би можеле да одите на различни настани.

3. Најдете активност во која уживате и придружете се на група со истото размислување. Планинарски клуб, волонтерски организации… каде било каде што ќе се чувствувате пријатно и како да припаѓате.

4. Приклучете се во некаков спортски клуб за возрасни. Можеби таму ќе ја пронајдете и вашата сродна душа. На крајот, занимавањето со спортска активност ќе ви помогне полесно да го „скршите мразот“ при запознавање. Самото место ќе ви овозможи полесно да комуницирате и да бидете свои.

5. Чувајте миленик. Доколку на пример имате куче, однесете го на некој настан специјално организиран за кучиња. Или едноставно додека го шетате во паркот дозволете си да започнете разговор со личноста која застанала да го помилува вашиот миленик. На тој начин ќе сретнете и други луѓе како вас, а и вашето куче ќе стекне нови пријатели.

6. Волонтирајте. Особено во нешто во кое силно верувате. Така ќе запознаете личности со слични вредности како вашите, лесно ќе почнувате разговори и истовремено ќе можете да го направите светот барем малку подобар.

7. Почнете да одите во центар за спортско качување на „болдер карпа“. Полесно е да дојдете до меѓусебен контакт со некого таму отколку во теретана со регуларна опрема. И во многу ситуации ќе ви биде потребен партнер за потпора при качувањето по карпата додека сте сигурносно обезбедени.

8. Најдете „онлајн“ платформа и кажете си ги своите преференции. Можеби токму таму ќе најдете некој со слични преференции на вашите, па онлајн разговорот ќе можете да го продолжите и во живо.

9. Излегувајте онаму каде што е занимливо и каде што навистина сакате да излегувате. Книжарница, кафуле, парк, каде било… На тој начин ем ќе се забавувате, ем ќе сретнете некој со слични или исти интереси како вашите.

10. Бидете член на религиски здруженија (црква, џамија, синагога итн.) доколку сте религиозни. Ова е најлесниот начин да најдете истомисленици.

11. Пронајдете активистички групи каде што ќе можете да ги искажете вашите лични ставови. Тие можат да бидат добра појдовна основа да се запознаете со слободоумни индивидуи и заедно со нив да бидете инволвирани во решавање на некаков проблем.

12. Запишете се на некаков курс. Било да се работи за учење нов јазик или совладување вештини за готвење, вие на тој начин ќе стекнете нови навики и способности, додека истовремено ќе стекнете и нови пријатели.

13. Не се срамете да започнете разговор додека чекате автобус. Доволно е само едно прашање од типот: „Колку време чекате да дојде автобусот со тој број?“, за потоа да се начнат и други теми. Доколку ви тргне разговорот, ќе сакате вашиот превоз да дојде што е можно подоцна, а во меѓувреме, не испуштајте ја шансата подобро да се запознаете со можеби вашиот нов пријател.

14. Бидете оптимистични. Не се срамете да признаете дека имате потешкотии при формирање на каков било однос со непознати. Кога ќе признаете уште на самиот почеток, не треба да се плашите од нивната реакцијата. Може само да ви биде полесно да продолжите со меѓусебното комуницирање доколку бидете искрени кон соговорникот. Така тие ќе имаат чувство дека ве запознале подобро уште на самиот старт.

15. Посетете психолог/психотерапевт доколку е потребно. Консултацијата со стручно лице не значи дека имате психичко нарушување. На советодавен разговор одат и сосема здрави индивидуи кои можат да имаат проблем со социјализација или слични проблеми кои не се поврзани со ментални растројства. Ако стекнувањето пријатели ви е невозможна мисија, само закажете ја вашата сеанса и бидете целосно отворени со психологот. Ќе се изненадите колку ќе ви биде полесно уште при првата средба.

Дознајте и кои се 7-те нешта што ги прават најдобрите пријатели чие пријателство е создадено да трае.

Автор: Наталија Наумовска

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар