14 работи за кои веднаш треба да престанете да се обвинувате во животот

Понекогаш се обвинуваме себеси за начинот на кој го живееме нашиот живот бидејќи не изгледа совршен како што сакаме да биде. Кога разговараме со пријателите или сме на социјалните мрежи имаме навика да ги споредуваме нашите животи со туѓите. Се обвинуваме за работите за коишто не треба дури ни да се извинуваме. Бидејќи никому не должите објаснување време е да се прегрнете себеси и да престанете со срамење за следниве работи.

1. Вашиот избор на кариера

Ако е невообичаена и помалку платена вашата работа, вие ќе се обвинувате себеси за вашиот избор. Се сомневате дали имате квалификации за постабилна работа со подобри примања, но сте одбрале поинаков пат во кариерата. Но, ако работата ве исполнува треба да бидете горди со тоа што го правите, за што и да станува збор.

2. Вашите способности или недостаток на способности

Можеби сте се почувствувале омаловажени поради вашата неспособност или недостаток на способност во нешто, но не смеете да се обвинувате поради тоа. Сите имаат силни и слаби страни, а ако во нешто не сте добри тоа не ве прави губитник.

3. Посветување време за себе

Во свет полн со екстроверти понекогаш е тешко да одвоите време за себеси. Ако сте мајка ќе се чувствувате виновно ако не им посветуваме внимание на децата. Но, вистината е дека секој заслужува време што ќе го помине со себе и ќе си угодува без да се грижи за останатите, барем на кратко.

4. Пријателите и партнерот што ги избирате

Можеби имате партнер или пријатели во вашиот живот за кои другите мислат дека не се доволно добри за вас. Но, ако вам ви одговара да ги имате покрај вас тоа не е воопшто важно. Треба да ви е драго што таквите луѓе како нив сè уште постојат во светов и се грижат за вас.

5. Од каде доаѓате

Ако се срамите од вашето минато потешко ќе ви биде да ја цените сегашноста и да се насочите кон иднината. Прифаќањето на вашето минато е едно од нештата што треба да ги направите за да почнете да се сакате себеси.

6. Храната што ја јадете

Сè додека се грижите за здравјето не смеете да се обвинувате за храната што ја јадете. Јадењето е едно од најголемите задоволства во животот, а ако можете да си го дозволите, уживајте во него.

7. Вашиот љубовен статус

Можеби преферирате да бидете сингл или сакате да се разведете од вашиот партнер. Дури и ако луѓето не се согласуваат со вас не смеете да се обвинувате ако не сакате да бидете со некого. Може да звучи одлично да се биде во врска и да се стапи во брак, но ако чувствувате потреба да бидете сингл не смеете да чувствувате вина поради тоа.

Продолжува на втората страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар