13 начини на кои ве гледа само онаа личност која е заљубена во вас

13 начини на кои ве гледа само онаа личност која е заљубена во вас

Доколку се фокусирате на она што вашите очи и очите на вашиот партнер го говорат ќе можете да забележите огромна љубов искажана преку благодарност, фасцинација и безбедност. Начинот на кој вашиот партнер ве гледа, учи за вас и ве разбира е вистинскиот индикатор дека вие сте многу посебни за него/неа. Тие можат да го стоплат вашето срце, да ви искажат голема благодарност и да ви кажат колку ве љубат со само еден магичен поглед. Поглед кој секоја личност од страна е во можност да го забележи. Со мало набљудување и вие исто така можете да го декодирате овој „визуелен јазик“ кој го говорат очите на вашиот партнер…

13 начини на кои ве гледа само онаа личност која е заљубена во вас

1. Додека седите еден спроти друг на маса, повеќе гледате во очите на вашиот партнер отколку во чиниите. Природните манири за како јадете, ја држите виљушката и се однесувате помеѓу залаците е многу поважно во очите на вашиот партнер отколку храната.

2. Кога носите нешто што на вашиот партнер му се допаѓа, вие ќе забележите како неговите/нејзините очи се движат нагоре-надолу, восхитувајќи се на она што го гледаат пред себе. За време на моментите на интимност, дозволете му/ѝ прво да ве собуе со очите, овозможувајќи тензија и возбуда.

3. Ако тие побарале да имате однос со вклучено светло, тоа се случува затоа што сакаат да ве гледаат на начин кој е наменет само за нивните очи. Има големи шанси дека оној дел од вашето тело за кој се чувствувате најмалку сигурно е она што тој/таа најмногу го обожава. Дозволете им на нивните очи да ги прифатат вашите мали совршени несовршенства.

4. Дозволете моменти на долго одржување контакт со очите. На овој начин и вие и вашиот партнер ќе ги забележите суптилните фацијални експресии и гестови кои ги правите во тишина и ќе научите како меѓусебно да ги си читате емоциите од лицето.

5. Како што лежите еден покрај друг пред спиење, почнете да разговарате преку контактот со очите. Вие на овој начин ќе ги искомуницирате и најинтимните мисли без да кажете ниту еден збор.

6. Ви се случило ли да се разбудите и да забележите дека вашиот партнер ве гледал како спиете? Ова се случува затоа што тој/таа ги цени вашите заеднички моменти.

7. Како што седите еден покрај друг во кола, автобус или воз, обидете се да забележите колку пати тој/таа гледа во вас. Овие мали погледи ви покажуваат дека вашето присуство се цени во текот на целиот пат.

8. Кога е време да се каже збогум, обидете се да го одржите контактот со очите малку подолго со цел да му/ѝ дадете до знаење дека ќе сака да се врати за повеќе.

9. Кога се чувствувате непријатно, загрижено или ви е потребна поддршка, очите на вашиот партнер инстинктивно ќе ги најдат вашите, така што ќе ви покажат дека тој/таа е тука за вас.

10. Кога се чувствувате среќни, мирни и како да се постигнале нешто, очите на вашиот партнер повторно ќе се најдат со вашите, кажувајќи ви колку тој/таа е горд на вас.

11. Кога ги споделувате вашите лични тајни, неговите/нејзините очи нема ве осудуваат. Наместо тоа, вие ќе можете да ја почувствувате довербата која се појавува во нив.

12. Колку поотворени се чувствувате во присуството на вашиот партнер, толку повеќе и неговите/нејзините очи и срце ќе се отворат бидејќи ќе ве гледаат онакви какви што навистина сте.

13. Кога вашиот партнер зјапа во вас без никаква причина, знајте дека сте сакани и дека со возвраќањето на овој поглед вие велите „И јас те сакам тебе!“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар