12 работи кои треба да ги знаете за претерано чувствителните луѓе

Во денешно време луѓето се обидуваат да ги скријат нивните вистински емоции за да не ја покажат нивната ранливост, па ставаат маска на цврсти и рамнодушни личности. Но, постојат и луѓе кои не се плашат да ги искажат нивните чувства и храбро се изложуваат на ризикот да бидат повредени. Тие обично се импулсивни, повеќето работи ги доживуваат лично и токму поради тоа го добиваат епитетот претерано чувствителни. Во продолжение прочитајте кои работи треба да ги знаете доколку сакате да остварите љубовна врска или пријателство со нив…

12 работи кои треба да ги знаете за претерано чувствителните луѓе

1. Потребно им е да поминуваат време сами

Тие секогаш се грижат за чувствата на другите и затоа понекогаш потребно им е малку време да бидат сами со себе и да се погрижат за сопствените чувства. Тоа им помага да разберат како се чувствуваат и зошто е тоа така. Немојте да мислите дека се обидуваат да се оддалечат од вас или да ве отфрлат од нивниот живот. На тој начин тие се соочуваат со нивните емоции и ставаат под контрола.

2. Повеќе ја чувствуваат туѓата болка отколку сопствената

Тие навистина страдаат кога ќе забележат дека страдаат луѓето што им значат. Не можат да поднесат да ги гледаат вознемирени и подготвени се да направат сѐ што можат за да им помогнат. Емоциите со кои се опкружени се заразни и тие веднаш се растажуваат доколку видат некој кој е тажен. Среќни се само ако и луѓето околу нив се среќни.

3. Мразат кога некој им вели дека си ги земаат работите при срце

Тие се посветуваат со целото свое срце на работите што им значат. Тие се чувствуваат добро само кога им помагаат на другите. Никогаш не мерат колку време или енергија потрошиле за да направат нешто. Најважни им се чувствата на нивните блиски. Токму затоа кога тие ќе се потрудат да ве расположат, а вие на тоа негативно ќе реагирате, ќе се почувствуваат многу лошо и вашето однесување ќе го сфатат лично.

4. Нивната страст ги спречува да размислуваат логично

Понекогаш тие реагираат импулсивно бидејќи го слушаат нивното срце, а не нивната глава. Но, тие попрво би живееле страсно отколку логично. Според нив, логиката е нешто што се обидува да ја згасне нивната возбуда.

5. Импулсивно реагираат на нештата

Нивните реакции се многу искрени и се реален приказ на нивните чувства. Секогаш ќе знаете дали се вознемирени или среќни. Тие се смеат од шестка до шестка додека не изгубат здив, но исто така и плачат додека не им отечат солзите и не им остане ниту едно марамче. Немојте да мислите дека драматизираат. Тие едноставно реагираат на нештата на свој посебен и уникатен начин како што само тие знаат и умеат.

6. Нивната верба е многу силна

Тие се надеваат и веруваат дека сѐ што се случува, се случува со причина. На тој начин тие наоѓаат утеха кога ќе доживеат некоја необјаснива трагедија, но така успеваат да најдат и среќа во сите прекрасни нешта што им се случуваат. Не се обидуваат да откријат зошто, само веруваат дека така е најдобро, бидејќи тие постојано се надеваат само на најдоброто.

12 работи кои треба да ги знаете за претерано чувствителните луѓе

7. Тие се обидуваат да ги искажат нивните чувства, но ретко кој успева да ги разбере

Сигурно знаете дека тие имаат чувства, но веројатно не знаете колку многу емоции кријат во себе и колку им е тешко да ги искажат сите. Тие можат да зборуваат за нивните чувства, но ако ги прашате зошто, тогаш нема да успеат да ви одговорат. Но, знајте дека се обидуваат, само што им е премногу тешко.

8. Сакаат да им ги решаваат проблемите на другите луѓе, но не знаат да си ги решат своите

Тие секогаш ќе ве ислушаат и ќе ви го дадат најдобриот совет, но не сакаат да зборуваат за сопствените проблеми. Тоа е така затоа што не сакаат да ве оптоваруваат со нивните проблеми. Секогаш ќе ви го понудат нивниот совет, но нема да успеете да ги убедите да се соочат со нивните сопствени потешкотии и стравови.

9. Обрнуваат внимание на детали

Претерано чувствителните луѓе обрнуваат внимание на детали што другите обично ги занемаруваат. Поради тоа понекогаш делува како премногу да размислуваат, но тие се само добри набљудувачи. Тие ги забележуваат малите гестови кои издаваат како се чувствуваат луѓето околу нив. Кога некој нивен пријател е помолчалив од вообичаено, тие не помислуваат „Ништо не му е, сигурно е само уморен“. Тие веднаш помислуваат дека нешто не е во ред, и ќе направат сѐ што можат за да дознаат што е тоа и да помогнат.

10. Малите нешта многу им значат

Малите знаци на љубов им значат исто толку колку и големите. Пораката што сте им ја оставиле на огледало со зборовите „Те сакам“ ќе ги израдува исто толку колку и вечера во најлуксузниот ресторан, ако не и повеќе.

11. Нивната чувствителност не треба да се смета за слабост

Интензитетот на нивните чувства не ги спречува да препознаат кога некој манипулира со нив или ги искористува. Тие многу добро разбираат кога нечии постапки се причинители на нивната несреќа и не се плашат да си заминат во таков случај. Тие имаат сила да се ослободат од токсичните пријателства и врски.

12. Ќе ве сакаат со целото нивно срце

Тие се вложуваат максимално во сите врски што ги остваруваат во текот на животот. Нивната љубов никогаш не е половична и тие ќе се погрижат да го почувствувате целиот нејзин интензитет.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар