10 знаци кои покажуваат дека вашите родители се причината зошто вие сѐ уште сте сингл

10 знаци кои покажуваат дека вашите родители се причината зошто вие сѐ уште сте сингл

За некои личности, сингл статусот е избор на живот, додека пак на други, потешко им е да пронајдат партнер кој им одговара. Во целиот тој пат, помеѓу другите пречки, за вашиот сингл статус може да бидат заслужни и вашите родители. Можеби не сте свесни за ова, но со некои постапки тие индиректно може да влијаат. Погледнете ги овие знаци и утврдете дали и во колку од нив можете да се пронајдете.

10 знаци кои покажуваат дека вашите родители се причината зошто вие сѐ уште сте сингл

1. Тие се премногу строги

Кога имате строги родители, тие не ви ја даваат потребната слобода или поддршка која ви е потребна за да се состанувате со некоја личност. Тие секогаш ќе ве прашуваат дали вашите односи се сериозни, дали водат кон нешто повеќе, а ако не ја одобруваат личноста со која се состанувате, тогаш може да ви прават проблеми.

2. Вашите родители немаат добри меѓусебни односи

Може да се разведени или пак да живеат заедно и постојано да се караат. Како и да е, ако растете со родители кои не си пружат многу љубов, вие ќе почнете да барате премногу љубов од вашиот партнер, што ќе доведе до нездрава врска, затоа што само тоа го знаете.

3. Не ги согледуваат добро работите

Ако се состанувате со некоја нова личност, тие може постојано да ви ги наведуваат недостатоците на таа личност, наместо добрите карактеристики, па да ве убедуваат дека не е достојна за вас.

4. Не ве разбираат вистински

Сигурно вашите родители го сакаат најдоброто за вас, но ако тие не разбираат што е тоа што навистина ве прави среќни, тогаш имате голем проблем. Тие може да сметаат дека некоја личност е одлична за вас, но ако вие знаете дека не си одговарате, тогаш не ќе можете да пронајдете вистинска среќа. Кога вашите родители не ве разбираат, тие никогаш нема да ве сфатат вас и вашите избори.

5. Тие се песимисти во врска со љубовта

Ако вашите родители постојано велат дека не веруваат во љубовта, дека не постои и дека со текот на времето сѐ ќе исчезне, тогаш за вас може да биде навистина тешко да ги отстраните овие мисли од главата кога ќе почнете да се состанувате со некоја личност.

10 знаци кои покажуваат дека вашите родители се причината зошто вие сѐ уште сте сингл

6. Не сакаат да се оддалечувате од одреден вид личности

Ако вашите родители се плашат да не запознаете личност од спротивниот пол од друга националност или култура, па ве тераат да се придржувате само до одреден вид личности, тогаш тоа ќе го ограничи вашиот избор, па можете да изберете нешто што и не е најдобро за вас.

7. Тие се премногу заштитнички настроени

Веднаш штом ќе дознаат дека се состанувате со некоја личност, вашите родители се појавуваат насекаде каде што одите или пак ви се јавуваат по сто пати на ден, со цел да се осигурат дека не правите нешто лошо.

8. Не се грижат многу за личноста со која се состанувате

Кога ќе им ја претставите личноста со која сте во моментот, наместо да бидат љубезни и да се трудат да ја запознаат повеќе, тие го прават спротивното, со цел да ѝ покажат дека не ѝ е местото помеѓу вас.

9. Ве потсетуваат на минатото

Може да ви кажуваат дека повторно ја правите истата грешка или дека оваа личност е иста како претходната и дека ќе завршите на ист начин. Тие постојано ве навраќаат на минатото и ви ги уништуваат сегашните љубовни врски.

10. Мислат дека е подобро да сте сингл

Вашите родители може да ви велат дека подобро е да сте сами, затоа што врските се комплицирани и дека не постои љубов. Не ве охрабруваат да преземате нови ризици и да се борите за некоја личност, туку напротив, ви велат дека треба да останете сингл за да не завршите со скршено срце како и претходните пати.

10 знаци кои покажуваат дека вашите родители се причината зошто вие сѐ уште сте сингл


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар