10 здравствени придобивки од сокот од моркови

10 здравствени придобивки од сокот од моркови

Соковите можат да бидат хранлив додаток во редовната исхрана под услов да не содржат додатни шеќери. Пример за тоа е сокот од морков кој честопати го занемаруваме иако не само што е добар за организмот, туку е и вкусен. Во продолжение прочитајте ги здравствените придобивки од консумирање сок од моркови.

10 здравствени придобивки од сокот од моркови

1. Може да го подобри видот

Според едно истражување, лутеинот, зеаксантинот, бета каротинот и витаминот Ц (сите состојки се содржат во морковот) играат важна улога во борбата против оксидативното оштетување на очите и намалување на ризикот од макуларна дегенерација (дегенерација на центарот за јасен вид) која е поврзана со возраста.

2. Може да го поврати сјајот на вашата кожа

Можеби веќе знаете дека витаминот Ц е важна состојка кога станува збор за нега на кожата, а една неодамнешно истражување од Нов Зеланд објаснува зошто е така. Според истражувачите, овој моќен антиоксиданс може да го зголеми нивото на колаген во телото (вообичаено, со стареење, нивото на колаген опаѓа) и да ја заштити кожата од штетното влијание на УВ зраците. Наместо да трошите пари на скапи кремови и серуми, напијте се сок од моркови (една чаша задоволува 23 проценти од дневните потреби).

3. Го намалува ризикот од срцеви заболувања

Соодветната количина на калиум кој се внесува во организмот игра голема улога кога станува збор за регулирање и одржување на здрав крвен притисок и намалување на ризикот од мозочен удар. Важно е да знаете дека една чаша сок од морков покрива 15 проценти од дневните потреби за калиум на вашето тело.

4. Го одржува оралното здравје

Секој стоматолог ќе ви каже дека морковите (и сокот од моркови) прават чуда кога станува збор за вашите заби бидејќи содржат витамин Ц и кератин. Според истражувањата, овие состојки помагаат во зајакнување и заштита на забната глеѓ.

5. Претставува добар извор на енергија

Хидратацијата на организмот е од суштинско значење за одржување на здравото ниво на енергија, а сокот од моркови може да ви помогне да го постигнете тоа. Една чаша сок од моркови содржи само 80 калории и е одличен избор за секој момент од денот, без разлика дали ќе го пиете наместо ужина или заедно со утринскиот оброк.

6. Може да ја подобри когнитивната функција

Едно истражување објавено во The American Journal of Medicine покажало дека соковите од овошје и зеленчук можат значително да ја подобрат целокупната когнитивна функција и да го намалат ризикот од развој на Алцхајмерова болест. Научниците претпоставуваат дека тоа се должи на антиинфламаторните и антиоксидантните својства што се содржат во нив.

7. Може да го заштити црниот дроб

Каротеноидите (состојки кои се содржат во морковот) се микронутриенти кои се богати со антиоксиданси и имаат антиинфламаторни својства. Од друга страна, овие својства можат да го подобрат здравјето на вашиот црн дроб.

8. Може да го намали ризикот од рак

Една студија покажала дека одредени соединенија пронајдени во сокот од морков имаат антиканцерогено дејство. Според студијата, лутеинот и бета каротинот ефикасно го забавуваат растот па дури и ги убиваат канцерогените клетки. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се утврди целосниот ефект.

9. Може да помогне при забрзување на метаболизмот

Покрај витамините А и Ц, сокот од морков содржи и витамин Б6 кој помага во процесот на варење на храната преку разградување на мастите, протеините и гликозата.

10. Го регулира нивото на шеќер во крвта

Некои истражувања изгледаат ветувачки во поглед на регулирањето на шеќерот во крвта со помош на сокот од моркови. Со оглед на тоа дека сокот од морков се карактеризира со низок гликемичен индекс, тој може да биде одличен избор доколку се консумира во умерени количини.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од сокот од моркови, можеби ќе сакате да прочитате и рецепт за здраво и вкусно смуди со морков и банана.

Извор: purewow.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар