10 трикови за зголемување на коефициентот на интелигенција, фокусот и креативноста

Основната градежна единка на мозокот е невронот. Кога ќе научите нови начини да ја подобрите неговата функција, ќе отворите целосно нов фронт за разбирање на моќта на вашиот мозок. Важно е да знаете дека е возможно да ја зголемите моќта на вашиот мозок, како и вашата интелигенција со одредени вежби. Со зголемување на неговата моќ ќе забележите дека се подобруваат вашите креативни способности, фокус, како и коефициентот на интелигенција. Следниве 10 навики ќе ви помогнат да го постигнете токму тоа.

10 трикови за зголемување на коефициентот на интелигенција, фокусот и креативноста

1. Учење

Пред да можете да предадете некоја идеја, најпрво морате да ја разберете. Па, предавањето може да ви даде основа за вашето знаење.

1. Навлезете во некој концепт со тоа што ќе го разделите (анализа) материјалот и потоа повторно ќе го споите (синтеза).

2. Најдете начин да го предадете материјалот. Ако го имате соодветното образование, можете да држите некој онлајн курс. Ако не, можете да ја предадете вашата нова идеја на веб-сајтови како Udemy.

3. Користете иновативни системи и алатки за анализа и синтеза.

2. Пишување

Со пишување за некоја нова тема се присилувате да го разделите материјалот на неколку концепти.

1. Започнете да пишувате за некој блог или направете ваш.

2. Повторно искористете го концептот анализа и синтеза.

3. Пишувајте за материјалот што го учите и обрнете внимание на реакцијата и коментарите на вашите читатели.

3. Физичка активност

Физичката активност не само што ќе го подобри здравјето на вашето тело, туку ќе ја зголеми и моќта на вашиот мозок. Неврогенезата претставува раѓање на нови неврони во нашиот мозок. Вежбањето го поттикнува ова.

1. Пронајдете ја рутината за вежбање што е совршена за вас и почнете уште денес.

2. Променете го начинот на исхрана. Отстранете ги рафинираните шеќери и почнете да земате витамини за да ја подобрите функцијата на вашиот мозок.

4. Аудио книги

Ова можете да го правите секаде – додека вежбате, возите, чистите…

1. Купете си безжични слушалки.

2. Најдете неколку аудио книги. Можете да ги купите од Audible.

3. Пронајдете некоја апликација, како на пример Natural Reader, која го претвора пишаниот текст во аудио запис.

4. Откако одреден период сте слушале некоја книга, пробајте со малку побрзо темпо.

5. Паметно читање

Почнете да читате книги побрзо и попаметнo. Постојат одредени начини на кои се читаат книги. Некои книги треба да ги читате побрзо од други.

1. Разгледајте ја книгата. Започнете со насловната страница, содржината, па потоа почнете со читање.

2. Идентификувајте ја главната тема на авторот. Поставувајте си го прашањето „Зошто?“ во текот на читањето.

3. Додека читате поставете си ги и следниве прашања.

  • Што се случи во книгата?
  • Која е главната причина за тоа?
  • Што да правам со новите информации од ова книга?

6. Разгледување од назад

Ретроградната анализа е од голема важност. Кога читате некоја реченица големи се шансите да испуштите грешка или важна информација. Но, ако ја читате од назад, грешката нема да ви избега. Користете го овој пристап и за решавање проблеми.

7. Брзи и лесни математички трикови

Овие трикови нема да ги научите на училиште.

1. Лесно множење на кој било двоцифрен број со 11:

На пример, 32х11…

  • Едноставно соберете ги првите две цифри: 3+2=5
  • Сместете го резултатот помеѓу 3 и 2 и ќе го добиете одговорот: 32х11=352
2 Лесно собирање двоцифрени броеви

На пример, 84+57…

  • Соберете 84+50=134
  • Потоа соберете 134+7=141 и ќе го добиете резултатот 84+57=141
3. Лесно одземање троцифрени броеви

На пример, 645-372…

  • Одземете 645-400+245
  • Потоа додајте 28 бидејќи 400-372=28
  • 245+20=265+8=273
  • 645-372=273
4. Множење

Друг моќен трик е множењето со претпоставка.

  • 88х54 отприлика изнесува 90х50=4500
  • Ова е многу полесно за множење бидејќи 9х4=45
  • Точниот одговор е: 88х54=4752

8. Размисли, обиди се, научи

Навистина моќна тактика е размисли, обиди се, научи:

  • Размисли: Претпостави, предвиди, планирај
  • Обиди се: Тестирај, набљудувај, снимај
  • Научи: Анализирај, најди значење, промени

9. Апликации за тренинг на мозокот

Elevate и Lumosity се апликации дизајнирани со цел да го подобрат вашиот фокус, говорни способности, меморија, математички вештини и уште многу. И 2-те апликации имаат над 40 игри и загатки.

Elevate:
  • Предности: Следење на напредокот, многу потсетува на игра, достапна на iOS и Android, избрана за апликација на годината во 2014-та година.
  • Недостатоци: Лоша графика и достапна е само на англиски.
Lumosity
  • Предности: Забавни и добри игри за подобрување на меморијата, познат бренд, следење на напредокот, достапна за iOS, Android и компјутер, користена во над 180 држави.
  • Недостатоци: Висока цена, повторувања и проблеми со синхронизација кај iOS и Android.

10. Учење нов јазик

Учењето нов јазик е еден од најмоќните начини за зголемување на коефициентот на интелигенција. Ако сакате да научите кинески, можете да ја пробате апликацијата Chineasy Cards. Оваа програма го прави учењето кинески јазик навистина забавно. Можете да побарате и многу други апликации за вашиот смартфон.

Погледнете и кои се навиките што ќе ја зголемат вашата интелигенција.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар