10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

Многу мажи ќе се согласат дека нема ништо посмешно од жена која носи чевли со високи потпетици, а не знае да оди со нив. Но, жените знаат дека понекогаш едноставно не можат да одолеат на тие прекрасни чевли кои прават да се чувствуваат како вистински топ модели. Доколку ви е тешко да одите во вашите нови потпетици, не очајувајте бидејќи има решение. Ова се 10-те трика кои ќе ви помогнат да се чувствувате удобно и самоуверено кога ќе чекорите во вашите омилени обувки…


1. Правете мали чекори

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

За да изгледате елегантно треба да правите мали и бавни чекори без да ги виткате колената повеќе од вообичаено. Ако се обидете да правите големи чекори, како што го правиме тоа во секојдневните чевли, вашиот од ќе изгледа неприродно. Така што, ако сте одлучиле да ги освојувате височините, не смеете да брзате.

2. Чекорете од петици кон прсти

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

За вашето темпо на одење да делува природно, треба прво да стапнете со петиците на земја и потоа полека да го придвижите стапалото кон прстите. Кога вашата тежина ќе падне на табанот од стапалото, наведнете го нанапред, како да одите на прсти, и почнете да го преземате следниот чекор.

3. Одете исправени

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

Нема убава жена без беспрекорно држење. Исправете ги рамената и брадата нека ви биде паралелна со подот. На овој начин вашите стомачни мускули ќе се зацврстат, стомакот ќе ви се израмни и ќе изгледате послаби и полесни.

4. Чекорете во права линија

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

За да одите како модел, замислете си права линија пред вас и чекорете строго по неа. Движете ги стапалата точно едно пред друго и ширете ги прстите по малку, за да ви се нишаат колковите. Ќе ви треба малку вежбање, но трудот ќе се исплати. Несомнено е дека ќе привлечете голем број погледи.

5. Подгответе се од дома

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

  • Доколку ве очекува некој голем настан, како на пример свадба, треба да се припремите однапред за да изгледате совршено. Вежбајте го вашиот од за вечерта помината во високи потпетици да не се претвори во кошмар, туку во сон. Можете и да ги изгребете малку ѓоновите на чевлите за да не се лизгаат.
  • Носете ги чевлите за да свикнете на нив. Новите обувки во комбинација со цела вечер помината во стоење, не даваат добри резултати. Можете да ги направите вашите чевли помеки, доколку облечете волнени чорапи и ги носите со чевлите секој ден по 10 минути.
  • Научете да одите по скали. Стапнувајте со цело стапало кога се симнувате, а кога се качувате стапнувајте само со прстите.
  • Користете удобни влошки и подлоги. Кога ќе ги пробате новите потпетици, ако стапалата ви се лизгаат, влошките можат да ви помогнат да ви биде попријатно во чевлите. На овој начин вашите стапала и чевли ќе бидат заштитени.

6. Научете како да стоите на високи потпетици

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

Не е сѐ до одењето, треба да знаете и како да стоите. Поставете ја петата на едното стапало во средината на другото под прав агол. Потоа пренесете ја тежината на второто стапало и кога ќе се уморите, префрлете ја тежината на другото.

7. Одморајте ги стапалата

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

Ако сакате цел ден да носите високи потпетици, а да не ве болат стапалата, одморајте се одвреме-навреме. Но, не ги соблекувајте чевлите. Уморните стапала отекуваат и вистински предизвик ќе биде повторното облекување на потпетиците.

8. Не носете високи потпетици премногу често

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

Носете чевли со различна висина на потпетицата, но нека доминираат ниските и удобни чевли. Постојаното носење високи потпетици може да му нанесе многу штета на вашето здравје.

9. Одберете ги вистинските обувки

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

Доколку целиот ваш живот сте носеле патики, не брзајте веднаш да купите чевли со потпетица висока 15 центиметри. Почнете со нешто понеутрално и стабилно, како што се потпетиците од 8 или 10 центиметри. Можете да се обидете со чевли со ремчиња. Тие се поудобни бидејќи стапалото помалку се лизга во нив и полесно е да се одржи рамнотежа.

10. Одберете ја вистинската величина

10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

Ништо нема да ве спаси доколку носите премногу тесни чевли. Никогаш не смеете да купувате високи потпетици ако почувствувате дека ви се малку тесни. Ако мора да одберете помеѓу премногу големи и премногу тесни чевли, одберете ги првите затоа што ќе можете да ги носите со влошка, а со вторите нема да можете ништо да направите освен да се каете што сте ги купиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар