10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Сигурно сте забележале дека состојбата на вашите нокти може да се промени. Најчесто се забележуваат промени во бојата која кај девојките е предизвикана од користењето лакови. Сепак, вашите нокти може да ви откријат многу за вашето целокупно здравје. Иако во поголемиот број случаи нема место за паника, добро е да ги знаете овие симптоми.

1. Дупки на ноктите

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Ако забележите мали вдлабнатини во ноктите, тогаш се соочувате со проблем. Најчесто овие дупки се предизвикани од псоријаза и псоријатичен артритис. Понекогаш вдлабнатините може да укажуваат и на нешто посериозно, како нарушувања кај сврзното ткиво или некои автоимуни болести.

2. Виткање на ноктите

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Виткањето на ноктите се појавува кога врвовите на прстите се зголемуваат, а ноктите се виткаат околу нив. Ова обично се случува во текот на неколку години. Виткањето е поврзано со неколку здравствени проблеми, вклучувајќи болести на белите дробови, низок кислород во крвта, болести на црниот дроб, воспаление на цревата, кардиоваскуларни болести и сида.

3. Нокти во форма на лажици

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Официјалниот назив на оваа појава е коилонихија и е вид болест на ноктите. Ноктите во форма на лажичка често се резултат на ниско ниво железо во крвта или хемохроматоза – нарушување на црниот дроб при кое телото апсорбира премногу железо. Ова искривување може да биде и знак на хипотироидизам или болести на срцето.

4. Линии на ноктите

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Ако имате длабоки хоризонтални линии на ноктите, може да биде знак на повреда или некоја болест. Нарушувањата поврзани со оваа појава се неконтролиран дијабетес и периферна артериска болест. Исто така овие линии се поврзани и со треска.

5. Бели линии на ноктите

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Ако имате бели точки на ноктите, нема потреба од грижа бидејќи тоа е нормално. Но ако забележите бели паралелни линии, можеби треба да го посетите вашиот лекар. Овие линии најчесто се резултат на ниско ниво протеини во крвта, болести на црниот дроб или неухранетост.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар