10 совети за привлекување нови луѓе во вашиот живот

10 совети за привлекување нови луѓе во вашиот живот

Нема ништо подобро од запознавање нови луѓе кои ќе не исполнат со енергија и кои ќе ни покажат нова перспектива на животот. Токму поради тоа, со вас споделуваме 10 едноставни совети кои ќе ви помогнат во привлекувањето нови пријатели.

1-10-soveti-za-da-privlechete-novi-lugje-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

1. Филмот е во вашата глава

Да, ние честопати мислиме дека не сме доволно занимливи, драги, достапни ниту интересни на останатите. Добрата вест е дека сето тоа е во вашата глава, бидејќи луѓето ве гледаат со поразлични очи отколку што мислите.

2. Тоа е комедија, а не хорор филм

Запознавањето нови луѓе честопати може да биде застрашувачко искуство. Што повеќе се обидувате да бидете забавни и добри соговорници, толку помалку ќе бидете. Затоа секогаш бидете свои!

3. Тргнете со мали чекори

Доколку сè уште немате доволно доверба во вашата способност за запознавање нови луѓе, тогаш започнете поедноставно. Добро би било да започнете разговор со некој нов колега од работа, и на овој начин ќе ги тренирате вашите социјални вештини.

4. Морате да излезете

Во ред. Спремни сте за дружење. А каде се новите луѓе? Секако дека ќе морате да излезете од домот. Можете да одите на некое ново случување, на некој семинар, работилница, групни активности кои ве интересираат и каде што ќе можете да пронајдете занимливи луѓе.

5. Направте го првиот чекор

Кога ќе почувствувате дека сте спремни за запознавање нови луѓе, можете да скокнете во рингот. Користете ги овие психолошки трикови кои ќе ви помогнат во комуникацијата и во изградбата на добри односи.

2-10-soveti-za-da-privlechete-novi-lugje-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

6. Кој суди, тој губи

Понекогаш можете да имате предрасуди за тоа кои се, што се и какви би требало да бидат вашите нови пријатели. Меѓутоа, луѓето кои не изгледаат како да имаат нешто заедничко со вас на прв поглед, може да излезат најзанимливите луѓе кои некогаш ќе ги запознаете во вашиот живот. Дајте им шанса!

7. Покажете интерес

Не заборавајте дека сите ние сме диви. Научете да слушате, пред да зборувате, бидејќи и другите луѓе сакаат да примаат внимание и да бидат сослушани исто како што и самите вие сакате. Покажете им дека сте заинтересирани да ги запознаете.

8. Поминувајте време заедно

Новите пријателства се создаваат така што го споделувате времето. Вечери, забави, кино и други места каде што ќе можете да се забавувате ќе бидат одличен избор.

9. Останете во контакт

Понекогаш е тешко да останете во контакт со вашите пријатели. Меѓутоа, тоа е единствениот начин за да ги одржите пријателствата. Користете интернет, мобилен телефон или она што најмногу ви одговара за да останете во контакт, за да знаете сите што се случува во вашиот и нивниот живот.

10. Бидете добар пријател

Помагајте и поддржувајте ги вашите пријатели, и нека знаат дека секогаш може да сметат на вас.

3-10-soveti-za-da-privlechete-novi-lugje-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар