10 совети од жената која знаела да зборува на 16 јазици: Со помош на нејзината формула ќе го совладате секој јазик!

10 совети од жената која знаела да зборува на 16 јазици: Со помош на нејзината формула ќе го совладате секој јазик!

Като Ломб била жена која работела како професионален преведувач. По потекло е од Унгарија и за сите оние кои сакаат да научат некој нов јазик, таа напишала 10 заповеди.

Најголемиот дел од јазиците ги совладала сама, работејќи со учебници и белетристика на јазикот кој го проучувала во моментот. Својата методологија за учење ја претставила во книгата „Како ги учам јазиците“.

10 совети од жената која знаела да зборува на 16 јазици: Со помош на нејзината формула ќе го совладате секој јазик!

Во основата на нејзиниот пристап се наоѓа принципот за „комплетно навлегување во јазикот“: совладување на граматиката паралелно со читање оригинални текстови и помнење на фразите кои најчесто се користат во говорот.

Ова се нејзините правила:

1. Секојдневно вежбајте го јазикот. Во случај да немате време, тогаш вежбајте само 10 минути дневно. Најдобро е тоа да го правите наутро.

2. Доколку немате желба за учење, немојте да се присилувате на тоа. Едноставно, оставете ја книгата, а јазикот учете го преку слушање радио, музика, разговор и слично.

3. Запишете ги или запомнете ги сите „готови фрази“ кои најчесто можат да се користат во разговор.

4. Обидете се ментално да се поврзете со јазикот, колку што е можно повеќе. Гледајте ги билбордите и натписите на улиците, слушајте делови од случајни разговори… сето тоа е забавно и опуштено, па дури и кога сте навистина уморни!

5. Учете или читајте само проверени текстови, а не текстови со грешки. Тие грешки најчесто влегуваат во глава, а подоцна е многу тешко да се искоренат.

6. Запишете веќе подготвени фрази и научете ги во прво лице еднина. На пример: „Само се шегувам“.

7. Странскиот јазик е замок кој треба да се „разурне“ од сите страни истовремено. Затоа, читајте списанија, слушајте радио, гледајте филмови без превод, присуствувајте на предавања на тој јазик, читајте учебници, допишувајте се, разговарајте и слично.

8. Не се плашете од разговор и од потенцијални грешки, туку настојувајте да ве исправаат доколку грешите. И секако, немојте да се навредите ако навистина почнат со корекции.

9. Бидете сигурни дека 100% ќе го совладате јазикот.

10. Като Ломб имала едноставна формула со чија помош ги совладала сите јазици кои ги учела:

Време + Мотивација = Резултат

Со други зборови:

Вложено време + Мотивација / Ограничување (страв од грешки) = Резултат

За тоа колку го сакала јазикот, сведочи и следниот афоризам од нејзиниот живот. Имено, кога Като Ломб (86) го сретнала својот пријател Стив (54), таа му рекла: „Стив, ти си толку млад! Колку години имаш пред себе… колку само јазици сѐ уште можеш да научиш!“

Автор: Зоран Крстески

Прочитајте уште неколку совети за успешно учење странски јазик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар