10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Доколку барате некоја силна и храбра женска фигура како инспирација, сѐ што треба да направите е да ги отворите вашите учебници по историја. Она што ќе го научите од жените кои не се откажале од нивните соништа, како што се Елеонор Рузвелт, Хелен Келер, Јована Орлеанка и многу други, е од непроценливо богатство. Иако поминале многу години од нивната смрт, тие сѐ уште служат како пример за тоа како треба да се однесува една успешна жена, но и како мотивација за идните генерации да ги остварат замислените цели. Ова се 10-те совети од историските хероини кои ќе ви помогнат да ја најдете потребната инспирација и да завладеете со светот…

1. Кралицата Елизабета Прва (1533-1603): Не ви е потребен маж за да бидете успешни

10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Елизабета, која станала кралица кога имала 25 години, одбивала да се омажи во период кога жените ги сметале за слаби. Наместо тоа, таа ја поразила Шпанската армада, го поттикнала истражувањето на нови земји и станала заштитник на Шекспир. Англија процутела за време на нејзиното 45-годишно владеење, иако била жена која владеела сама.

2. Катерина Велика (1729-1796): Силните и паметни жени можат да бидат сочувствителни

10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Катерина, која била неверојатно интелигентна и шармантна, владеела со империјата сама цели 34 години. Под нејзина власт, бунтовите престанале, економијата значително се подобрила и уметноста процутела. За разлика од другите руски владетели, добродушната Катерина не отсекувала глави за да ја докаже нејзината моќ и била позната по нејзината добрина кон непријателите.

3. Елеонор Рузвелт (1884-1962): Кажувајте го вашето мислење, дури и ако не им се допаѓа на другите

10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Првата дама, за која сметале дека воопшто не се однесува како дама, ја шокирала јавноста со тоа што отворено зборувала за проблемите кои ги засегале граѓанските права, жените и бегалците. Колку повеќе мажите се обидувале да ја замолчат, толку погласно таа зборувала. Еден од нејзините најпознати цитати е : „Никој не може да направи да се чувствувате инфериорни, без ваша согласност“.

4. Јованка Орлеанка (1412-1431): Верувајте во себе

10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Како е можно една обична тинејџерка од село, без никакво воено искуство, да го убеди кралот на Франција да ја предводи неговата војска во битките? Јованка толку силно верувала дека Бог ја одбрал да ги порази англиските освојувачи, што успеала да го убеди кралот, кралскиот совет и илјадници војници! Можеме слободно да кажеме дека Јованка е заслужна за тоа што Франција не била освоена од Англија.

5. Марија Тереза од Австрија (1717-1780): Можете да постигнете рамнотежа помеѓу работата и семејството

10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Кога имала 23 години, Марија Тереза наследила слаба, корумпирана австро-унгарска империја чии непријатели веднаш ја нападнале, нормално затоа што таа била жена. Но, самата, без ничија помош, успеала да најде начин да ја направи нејзината земја силна и напредна во текот на нејзиното 40-годишно владеење, и покрај тоа што имала 16 деца и била вклучена во нивното воспитување. Со други зборови: Мајките се закон!

6. Роза Паркс (1913-2005): Најдете го вашиот морален компас и заземете став

10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Позната како „првата дама на граѓанските права“, Роза Паркс била првата која се залагала за расна еднаквост во поделената Алабама. Во 1955 таа одбила да го препушти нејзиното седиште на патник со бела боја на кожата, била уапсена и ја изгубила нејзината работа како шивачка. Роза нѐ учи дека не треба да отстапуваме од нашиот став и верувања, по секоја цена.

7. Амелија Ерхарт (1897-1937): Не прифаќајте „Не“ како одговор

10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Амелија Ерхарт била првата американска пионерка во авијацијата, авторка и првата жена која сама го прелетала Атлантикот во 1932 година. Амелија и ден денес продолжува да биде идол за девојките кои не сакаат да градат традиционална кариера. Таа рекла: „Најефективниот начин да направите нешто е едноставно да го направите“.

8. Флоренс Најтингел (1820-1910): Следете ги вашите соништа

10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Флоренс го шокирала нејзиното богато британско семејство кога му соопштила дека не сака да се омажи. Таа сакала да стане медицинска сестра и заминала со британската војска за време на Кримската војна. Нејзината страст и неуморна посветеност придонела професијата на медицинските сестри за прв пат во историјата да се третира со почит.

9. Хелен Келер (1880-1968): Размислувајте позитивно

10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Хелен го научила јазикот на слепите и знаковниот јазик и станала познат говорник, автор на 12 книги и адвокат на женските права, како и на луѓето со посебни потреби. Таа секогаш велела: „Оптимизмот е вербата која води до успех. Ништо не може да се постигне без надеж и самодоверба“.

10. Ана Франк (1929-1945): Имајте цел, дури и кога ви е најтешко

10 совети од најголемите историски хероини кои ќе ви помогнат да станете подобри лидери

Секој што го прочитал нејзиниот дневник знае дека Ана нѐ учи да ја најдеме убавината и во најлошата ситуација. Таа напишала: „Без оглед на сѐ, верувам дека сите луѓе имаат добро срце“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар