10 скапи нешта за убавина со кои одвреме-навреме треба да се наградувате

10 скапи нешта за убавина со кои одвреме-навреме треба да се наградувате

Девојките знаат дека убавината не е евтина, па токму затоа и многу е тешко одма да се отфрлат скапи третмани кои би можеле да доведат до видливи резултати. Нашиот совет е секој месец да си штедите по малку со цел да можете да се наградите со едно од овие скапи задоволства бидејќи работите многу и заслужувате да се чувствувате добро. Погледнете ги 10-те нешта за кои ние сметаме дека одвреме-навреме навистина вреди да се дадат и повеќе пари.

10 скапи нешта за убавина со кои одвреме-навреме треба да се наградувате

1. Кармин од соништата. Веќе некое време копнеете по тој кармин кој сте го забележале на усните на една од вашите омилени славни личности на Инстаграм? Не чекајте повеќе.

2. Третман за коса во салон. Сигурно после секое шишање вашиот фризер ви спомнува нов и кул третман за вашата коса кој наводно треба да ја направи сјајна и неверојатна. Можеби овој пат конечно би требало да прифатите.

3. Третман за вашата кожа. Ако веќе треба да вложите во нешто поврзано со убавината, тогаш дефинитивно треба да се насочите кон грижата за вашата кожа. Можностите на шминката се ограничени, но ако имате здрава кожа тогаш секојдневно ќе изгледате прекрасно. Продуктите кои најмногу ќе ви помогнат во оваа цел се: луксузна крема за вашата сува кожа, моќна крема против стареење за околу очите, освежителен хидратантен тонер или препорачан лосион против акни. Запознајте ја вашата кожа добро и потоа изградете ја вашата рутина за убавина од таму. Исто така нема потреба да купите сè одеднаш.

4. Непланирано фенирање на косата. Ако некогаш се најдете во ситуација да имате слободно време додека шетате низ трговскиот центар, тогаш насочете се кон салон за убавина и побарајте фенирање на вашата коса. Вие од таму ќе излезете со прекрасна и сјајна коса, која ќе ја зголеми вашата самодоверба.

5. Фацијален третман кој ќе го промени вашиот живот. Финтата со оние навистина скапи фацијални третмани е што мора да ги применувате редовно со цел да забележите резултати. Најчесто овие центри нудат пакети кои се многу поевтини од индивидуалните сесии, па и покрај тоа што можеби заедно нивната цена изгледа застрашувачка, ако можете да си ги дозволите, тогаш направете го тоа. На долг рок ќе заштедите пари, додека вашата кожа на лицето ќе биде поздрава од кога било претходно.

6. Луксузна шминка. Високо квалитетна пудра која може да прекрие брчки, акни и промени на бојата на кожата, правејќи ве да изгледате беспрекорни во секое време. Ако мислите дека сте ја нашле вистинската пудра за вас, никогаш не се откажувајте од неа.

7. Обликување на веѓите. Некои салони имаат високи цени за обликување на веѓите, но постои причина за тоа. Овие салони користат искусни техничари кои ќе ви го направат целото искуство безболно.

8. Целосна масажа во елитен спа центар. Одвреме-навреме дозволете си да се опуштите и да го поминете целиот ден во елитен спа центар каде што ќе заборавите на сите грижи. Откако ќе излезете од таму, вие ќе се чувствувате како нова личност, полна со енергија.

9. Професионална шминка и фризура за посебен настан. Верувале или не, рацете на професионалците во оваа област се магични и можат целосно да ве трансформираат.

10. Гел маникир и педикир. Маникирот и педикир правени со гел се многу луксузни, па зошто не би сакале понекогаш да се наградите со нив? Особено ако одите на одмор со цел да не мора да се справувате секојдневно со лакот за нокти кои се лупи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар