10 сериозни несакани последици од апчињата за спиење

10 сериозни несакани последици од апчињата за спиење

Постојат многу причини поради кои настанува несоницата. Дел од нив се работата, стресот, претерано пушење цигари, притисок и несигурности, проблеми во врската или огромни промени во животот. Многумина решаваат да се справат со овој проблем така што ќе почнат да пијат апчиња за спиење. Но, дали ги знаете сите оние сериозни несакани последици кои можат да настанат од долготрајното пиење апчиња за спиење?


10 сериозни несакани последици од апчињата за спиење

1. Вашето тело создава отпорност кон нив

Многу жени и мажи кои се борат со несоница користат апчиња за спиење, кои на почетокот супер функционираат. Но, со тек на време работите се менуваат. Вашето тело полека создава отпорност на ефектот од овие апчиња, па тоа може да доведе до предозирање со фатален исход.

2. Парасомнија (непредвидливо однесување)

Одредени апчиња за спиење можат да предизвикаат парасомнија, состојба во која луѓето се во полусвесна состојба која може да доведе до месечарење или амнезија. Оние кои ја доживуваат оваа несакана последица можат да прават многу нешта додека спијат и откако ќе се разбудат да не се сеќаваат буквално на ништо. Ова однесување може да биде многу ризично.

3. Поспаност

Кај некои луѓе апчињата за спиење имаат многу посилен ефект отколку кај други. Тие можат да се чувствуваат многу поспано откако ќе се разбудат утрото и тоа чувство може да ги следи и во текот на денот. Поспаноста е опасна за оние кои се зад волан. Од друга страна, некои луѓе можат без причина да се разбудат порано отколку што треба. Без разлика на ситуацијата, овие состојби влијаат негативно врз вашата ефикасност на работа.

4. Тие можат да создадат зависност

Некои жени и мажи по подолга консумација, не можат воопшто да заспијат без да се напијат од овие апчиња. Оваа состојба докторите ја нарекуваат несоница која се враќа и таа се смета за полоша од почестите проблеми со спиењето. Кај некои луѓе дури е потребна и медицинска интервенција со цел да поминат преку процесот на одвикнување.

5. Апчињата за спиење можат да предизвикаат чувство на горење кај срцето

Дали тие вредат толку за следниот ден да страдате од ова непријатно чувство кај срцето? Оние кои имаат проблеми со хранопроводот и желудникот ги искусуваат овие несакани последици во многу поинтензивен степен. Студиите покажале дека користењето специфични апчиња за спиење можат да го зголемат ризикот од појава на киселини кај корисниците.

6. Ризик од прерана смрт и канцер

Една неодамнешна студија спроведена од Универзитетот во Калифорнија открила дека апчињата за спиење го скратуваат животниот век. Оваа студија покажала дека со нивна консумација, луѓето се изложуваат на ризик од преголемо количество апчиња за спиење. Но, не само тоа. Редовното потпирање на апчињата за спиење може да води и кон развивање рак.

7. Ризик од загуба на меморија

Постарите корисници можат да доживеат проблеми со меморијата доколку подолго време пијат апчиња за спиење. Една студија покажала дека постарите кои ги пијат овие апчиња повеќе од 3 месеци се и повеќе изложени на Алцхајмерова болест.

8. Алергиска реакција

Ова е нешто со кое малкумина се соочуваат, но сепак нивниот број е доволен за да се спомне. Доколку вашето тело е алергично на некоја од состојките кои се присутни во апчињата за спиење, вие можете да развиете проблеми со дишењето и сериозно отекување на лицето.

9. Интеракција со алкохол

Некои видови апчиња за спиење кои се земаат заедно со алкохол, можат да го зголемат ефектот на двете. Како резултат, вие ќе се разбудите многу поуморни и помамурни од кога било претходно.

10. Промени во однесувањето

Оние кои стануваат зависни од користењето апчиња за спиење покажуваат промени во однесувањето како нервоза и лесна иритација. Многумина исто така често се жалат и на ненадејни промени во расположението.

Алтернативи на апчињата за спиење:

  • Јога
  • Медитација
  • Промена во спалната соба, вклучувајќи го и осветлувањето и други елементи кои би можеле да го одвлекуваат вашето внимание
  • Храна која делува смирувачки на телото
  • Бањање
  • Музика која смирува
  • Ароматерапија

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар