Совршени работни места за најголемите авантуристи - Part 2

Совршени работни места за најголемите авантуристи

6. Ловење краби во Алјаска

(6)10-rabotni-mesta-za-avanturisti-kafepauza.mk

Ова работно место бара најголема физичка подготвеност. Ловењето краби во Алјаска е најсмртоносната професија во риболовот. Ако сте подготвени да помините околу 3 месеци на отворено смрзнато море, ќе добиете плата од 50.000 долари. Но имајте на ум дека поставувањето на стапиците е навистина опасно. Самите стапици тежат по 300 килограми, времето е многу студено и секогаш постои ризикот од превртување на бродот.

7. Патувачки писател

(7)10-rabotni-mesta-za-avanturisti-kafepauza.mk

Дали сакате да патувате, а притоа знаете и добро да пишувате? Комбинирајте ги двете и станете патувачки писател. Ќе можете да посетувате разни држави и во живо да ги опишувате местата кои сте ги виделе. Покрај тоа, сето ова можете да го правите на сметка на некој друг. Се разбира, не очекувајте уште веднаш да почнете со платени проекти. Прво треба да го изградите вашето име и да ги објавувате приказните и фотографиите на Интернет или во некој весник. Ако немате пари за патување, почнете како турист во вашиот град. Вашата цел ќе биде да ја пренесете вашата страст и искуство на луѓето кои сè уште не биле во можност да посетат некое место.

8. Професор по англиски јазик

(8)10-rabotni-mesta-za-avanturisti-kafepauza.mk

Можеби оваа работа не е најдобро платена, но можете да им го промените животот на многу луѓе. За многу деца и возрасни изучувањето на англискиот јазик е како мост кон подобра кариера. Можете да предавате во странство, па на овој начин и ќе патувате. За среќа денес оваа работа е сфатена сериозно, па лесно можете да најдете некој проект во странство. Постојат многу програми со различна должина, кои најчесто траат од 2 недели до неколку месеци.

9. Нуркач на големи длабочини

(9)10-rabotni-mesta-za-avanturisti-kafepauza.mk

Иако технологијата е многу напредна, машините сè уште не можат да ги заменат луѓето кои нуркаат на големи длабочини. За оваа работа потребно е да бидете во одлична физичка форма, да бидете способни да останете смирени во опасна ситуација и се разбира, да бидете добри пливачи. Ќе ви бидат потребни и неколку сертификати од школа за нуркање. Можете да работите повеќе нешта во зависност од тоа каде се наоѓате. Можете да работите за компании за гас и нафта, за научни истражувања, снимање филмови, археологија и слично.

10. Фотограф на див свет

(10)10-rabotni-mesta-za-avanturisti-kafepauza.mk

Овие луѓе ги прават најубавите фотографии. Тие патуваат низ целиот свет и ни покажуваат како изгледа животот на многу видови. Нивната работа може да се претвори од мирна во опасна за секунда. Повеќето фотографи работат фриленс. Потребно е да направите портфолио со фотографии и да се надевате дека ќе ги продадете. Ако сте добри, можно е да ве најмат разни весници и медиуми и да ве пратат на одредена локација. Потребно е да знаете да ракувате со професионален фотоапарат, да знаете некои техники за преживување, да имате брзи рефлекси и да бидете способни да се движите многу тивко. Се разбира важно е да имате познавање и за животните кои сакате да ги фотографирате и да го разбирате нивното однесување.

Погледнете и кои се најдобрите професии за емпатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар