10 работи од кои треба да се откажете за да бидете посреќни во животот

10 работи од кои треба да се откажете за да бидете посреќни во животот

Секогаш кога сакаме да бидеме посреќни, побогати или да го подобриме нашиот живот, бараме начини да го исполниме животот со нови работи. Создаваме нови навики, развиваме нови вештини, купуваме нови книги или облека. Сепак, се чини дека кога сме опкружени со добро познатите стари работи, се чувствуваме посигурни. Но, дали сте помислиле некогаш наместо да собирате нови работи, да се откажете од некои работи кои веќе ги имате?

10 работи од кои треба да се откажете за да бидете посреќни во животот

Многумина го поминуваат својот живот опкружени со непотребен неред кој доаѓа во облик на стари навики, размислувања, верувања, луѓе, стравови… Зар не би се чувствувале многу послободни кога би ги исфрлиле работите кои не ви користат повеќе? Време е да се ослободите од нередот кој ве спречува да живеете онака како што заслужувате. Подготвени сте за предизвикот? Ова се 10-те работи од кои треба да се откажете уште денес…

1. Откажете се од изговори

Изговорите ве спречуваат да ги направите работите кои толку многу ги посакувате. Многу луѓе секојдневно користат изговори, затоа што така се чувствуваат посигурно. Но, вистината е дека поради изговорите ќе пропуштите многу прекрасни моменти во животот. Ослободете се од нив и престанете да ги применувате.

2. Откажете се од обвинувања

Вашиот живот и вашата среќа се ваша одговорност. Откажете се од потребата да ги обвинувате другите луѓе за вашата животна и емоционална состојба. Ако успеете да го направите тоа, ќе си ја вратите моќта што ја имате како креатор на сопствениот живот.

3. Откажете се од жалење

Секогаш можете да најдете нешто што не ви се допаѓа и за кое можете да се пожалите. Но, вистината е дека ниту една ситуација, личност или настан ја нема моќта да направи да се чувствувате лошо, освен ако вие самите не го дозволите тоа. Најважен е погледот кон работите. Моќта на позитивното размислување е нешто што не смеете да го потценувате.

4. Откажете се од потребата да бидете во право

Никој не сака да згреши, но тука се работи за егото кое сите луѓе го имаат, а може да предизвика огромен стрес па дури и да ги загрози нивните односи со другите. И сѐ тоа само за да можат на крај да речат „Ти кажав“. Верувајте дека не се исплати. Нареден пат кога ќе почувствувате потреба да се расправате, запрашајте се дали повеќе би сакале да бидете во право или да постапите правилно. Ќе се изненадите од тоа колку подобро ќе се чувствувате.

5. Откажете се од потребата за контрола

Не можете да контролирате сѐ што се случува околу вас. Оставете ги сите настани, ситуации, луѓе и последици да бидат онакви какви што се. Треба да обрнете внимание на сегашноста и да живеете во моментот. Вашиот живот ќе се смени на подобро кога ќе се откажете од потребата за контрола.

10 работи од кои треба да се откажете за да бидете посреќни во животот

6. Откажете се од верувањата кои ве ограничуваат

Кои сте вие да кажете дали е нешто возможно или невозможно? Вие сте едно неограничено битие и вие ги создавате правилата по кои ќе живеете. Откажете се од сите ограничувања кои ги имате и направете место за големите, значајни соништа кои и тоа како можете да ги остварите.

7. Откажете се од етикетите

Дали понекогаш работите, луѓето и искуствата кои не ги разбирате ги нарекувате „чудни“ или „лоши“? Ако е така, време е да се откажете од етикетите. Затворениот ум создава сигурен, но несреќен живот. Отворајте го вашиот ум за нови работи и којзнае каде ќе ве одведе.

8. Откажете се од потребата да им угодувате на другите

Факт е дека не може на сите да им се допаѓате. Колку и да се трудите, секогаш ќе се најде некој кој ќе има нешто лошо да каже за вас. Автентичниот живот е и среќен живот. Престанете толку да се трудите да им угодите на другите луѓе и почнете да мислите на вашите желби и потреби.

9. Откажете се од стравот

Френклин Рузвелт еднаш рекол: „Единственото нешто од кое мораме да се плашиме е самиот страв“. Стравот не постои сам по себе. Тоа е симптом, резултат од нашето воспитување, друштво и наметнатите искуства и верувања на другите. Не дозволувајте стравот да ви биде пречка на патот, бидејќи вие сте способни за големи и чудесни подвизи.

10. Откажете се од минатото

Полесно е да се каже отколку да се направи, но кога ќе се откажете од минатото ќе можете да направите чуда во вашата сегашност и среќна иднина. Понекогаш примамливо е да копнееме по минатото и среќните времиња, но ако го правите тоа, вам ви недостасува нешто многу значајно во животот: Чувството на овде и сега. Не дозволувајте минатото да го засенува она што го имате сега. Бидете присутни во моментот. Бидете среќни. Откажете се од минатото и фокусирајте се на сегашноста.

Од што ќе се откажете вие?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар