10 работи кои вистинскиот маж ги прави кога е во врска

Некои велат дека не постои нешто како „вистински маж“, а други се обидуваат да го дефинираат давајќи безброј свои видувања обликувани според своите желби и потреби. Сепак, сите тие разни видови вистински мажи имаат некои заеднички карактеристики, собрани на куп од блогерот Кевин Вилијамс.

10 работи кои вистинскиот маж ги прави кога е во врска

1. Вистинскиот маж ја почитува жената таква каква што е

Таа можеби не му се допаѓа цело време, но сепак не престанува да ја сака. Не само нејзиното тело или статусот, туку нејзината целосност, онаква каква што е. Тој знае да ја пронајде нејзината убавина некаде каде што таа не е лесно видлива. Тој знае да продре во нејзината душа, да ја разбере и да ја доживее на начин како што само тој може. Тој на неа ќе гледа поинаку од сите други. Секогаш ќе ја почитува, ќе ја третира како дама и истото ќе го очекува и од неа.

2. Тој целосно ѝ се предава на врската

Вистинскиот маж не се плаши од чувствата. Љубовта е човечка емоција и затоа тој не подлегнува на притисоците од околината кои му наметнуваат да не ја покажува лесно. Тој целосно се предава на врската и на својата сакана. Со секој свој потег се труди да ја зајакне врската и затоа нему може целосно да му се верува.

3. Тој jа заштитува саканата и физички и емоционално

И жената знае како самата да се заштити себеси, но и покрај тоа тој секогаш е тука да помогне. Тука е за да ја утеши секогаш кога таа е тажна или да отстрани секаква физичка опасност по неа. Притоа, тој е тактичен и размислува пред да делува. Тој е љубезен, но ќе стори сè за да ја заштити од секаква злоупотреба.

10 работи кои вистинскиот маж ги прави кога е во врска

4. Ја исполнува партнерката ментално и сексуално

Тој знае дека најголемиот дел од времето во врската се поминува правејќи работи кои не се од физичка и сексуална природа. Се предава на страсно водење љубов кога и двајцата го сакаат тоа, но љубовта ја искажува и преку долги интелектуални разговори, хумор, шепотење романтични нешта на уво… Сето тоа е дел од неговиот шарм.

5. Тој презема инцијатива

Почитува и сака кога девојката презема инцијатива за нештата, но во моментите кога никој од нив не го прави тоа, тој е оној кој ја презема одговорноста и презема чекори. Настапува смело и промислено кога знае како треба, а во други случаи не се срами да побара совет.

6. Носи тешки одлуки

Одлуките кои се однесуваат на него и неговиот живот ги носи сам. Ги слуша советите на блиските, но на крајот самиот одлучува. Тоа се однесува и на одлуките во врската. Кога е соочен со некој проблем која бара тешка одлука, тој се грижи и за нејзиното гледиште и за нејзините чувства, а не само за себе.

10 работи кои вистинскиот маж ги прави кога е во врска

7. Не бега од одговорност

Тој никогаш не ја префрла одговорноста за своите постапки на другите луѓе, вклучувајќи ја и неговата сакана. Тој признава кога ќе згреши, се извинува и продолжува понатаму со научената лекција. Вистинскиот маж не се срами да се извини и со тоа покажува голема самодоверба и храброст.

8. Секогаш го кажува своето мислење

Тој нема да скрие некоја своја мисла поради страв и секогаш ќе го зборува она што го мисли. Притоа е многу внимателен. Тој не го злоупотребува правото да каже што мисли со цел да повреди некого, пред сè неговата партнерка. Кога за нешто не се согласува со жената тој дебатира со неа, третирајќи ја на исто рамниште со него. Не го наметнува своето мислење, туку е љубопитен за туѓото и го преиспитува своето. Никогаш не кажува „да“ за сè и сешто, ниту одбива сè што не се совпаѓа со неговите ставови.

9. Тој ја брани врската

Понекогаш има моменти во кои врската е нападната од неговите родители или пријателите. Кога тие ќе му речат дека неговата сакана не го заслужува и не е добра за него, вистинскиот маж ќе застане зад својата врска и ќе ја брани. Тоа се случува и кога неговата девојка е присутна и кога не е. Тој никому не дава објаснувања за својата љубов.

10. Тој има живот и без саканата

Вистинскиот маж има живот и надвор од врската. Тој имал свои пријатели и страсти и пред да ве запознае и продолжува со нив и откако вие ќе влезете во неговиот живот. Не живее изолирано само со вас, ниту се откажува од активностите кои му причинуваат задоволство. Има интегритет и ќе бара вие да го почитувате тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар