10 работи кои паметните луѓе не ги прават

10 работи кои паметните луѓе не ги прават

Дали животот е една голема игра? Доколку е, тогаш мора да играме правилно и паметно. Ова се 10 големи „НЕ“, кои паметните луѓе ги почитуваат.

10 работи кои паметните луѓе не ги прават

1. Не дозволуваат минатото да им ја диктира сегашноста

Секој доживеал лош период или голем неуспех, но тоа не значи дека треба да дозволиме некогашниот пад да ни го обележи животот. Сте биле разочарани, сте доживеале непријатни настани во минатото, како и секој човек. Но затоа се вика минато, оставете го зад себе. Никогаш не престанувајте да се обидувате, секогаш имате можност да ги урнете сите препреки и без разлика што и да ви се случило некогаш, да докажете дека сте способни и издржливи.

2. Не се фокусираат на негативностите

Паметните личности знаат дека тие ги контролираат сопствените мисли и затоа одбираат да се фокусираат на позитивните нешта. Важно е да се верува дека штом нашиот ум може да замисли нешто, тогаш истото може и да го оствари. Животот станува полесен кога знаеме да сонуваме, замислуваме, креираме, градиме, трансформираме и сакаме.

3. Не бегаат од своите проблеми

Сите имаме проблеми. Пари, семејство, љубов, работа, кариера, образование… Но не можеме да се скриеме од проблемите и колку повеќе го одлагаме соочувањето со нив, тие стануваат сè поголеми. Секогаш барајте креативно решение за вашите проблеми бидејќи секогаш има решение. Кога ќе се сопнете или паднете, продолжете со работа. Со тоа што се соочувате со вашите стравови, имате поголема храброст и се мотивирате себеси за напредок.

10 работи кои паметните луѓе не ги прават

4. Не се грижат што мислат другите за нив

Никогаш не дозволуваат негативното мислење или негодувањето на другите да ги спречи да живеат среќен и исполнет живот по нивни правила. Светот е полн со негативци, критичари и мрчатори. Формирајте круг на пријатели со кои делите исти или слични гледишта и пасии за животот и кои кога ќе ве критикуваат го прават тоа за ваше добро.

5. Не губат време

Го искористуваат своето време максимално. Одбираат навики и имаат хоби кои ги надградуваат како личности и ги прават сè попродуктивни. Тие работат паметно, а не премногу напорно. Не губете време на нешта кои немаат никаков резултат и цел.

6. Не очекуваат веднаш да бидат наградени

Добрите нешта доаѓаат кај тој што умее да чека и да биде стрплив. Ништо не доаѓа како инстант-награда, напротив! Големите награди и признанија бараат работа и трпение. Во меѓувреме фокусирајте се на сите други задоволства од вашата работа – тоа што креирате, создавате, вашата исполнетост како и фактот што умеете да уживате во она што го работите, а не секој е способен за тоа.

10 работи кои паметните луѓе не ги прават

7. Не се фокусираат на нештата кои се надвор од нивна контрола

Секојдневно се соочуваме со непријатни ситуации – безобразни луѓе, метеж во сообраќајот, кавги и расправии. Не си земајте сè при срце. Не се преоптоварувајте со нечие мислење или постапки. Фокусирајте се на она врз кое можете да влијаете, а тоа е вашиот одговор на таквите ситуации.

8. Не се дружат со оние кои негативно влијаат на нив

Едноставно се оддалечуваат од оние кои се негативни и кои прават тие да се чувствуваат лошо самите за себе. Бидете меѓу оние кои ве инспирираат и мотивираат и ве насочуваат кон повеќе и подобро.

10 работи кои паметните луѓе не ги прават

9. Не се арогантни и не се фалат

Никогаш нема да ги слушнете паметните, способните и успешните луѓе да се фалат за она што го поседуваат. Тоа е бидејќи оние кои вредат се препознаваат по делата, а не по зборовите. Секогаш дозволете им на делата да зборуваат за вас.

10. Не дозволуваат да бидат неблагодарни

За крај, никогаш не дозволувајте да помине ден без да помислите на благодетите со кои сте благословени и ценете го она што го имате. Блажените чувства потекнуваат од нашата скромност и благодарност.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар