10 причини за лошо расположение и 10 начини за тоа брзо да го поправите

10 причини за лошо расположение и 10 начини за тоа брзо да го поправите

Лошото расположение постојано ни се случува на сите и на сите постојано ни успева да се извадиме од него. Тоа некогаш оди брзо, а некогаш побавно. Кога оди побавно, тоа е така затоа што не ги знаеме причините за да ги отстраниме. Затоа ви ги пренесуваме советите на психологот Гај Винч. Тој дава десет најчести причинители и начини како да се справиме со нив.

10 причини за лошо расположение и 10 начини за тоа брзо да го поправите

1. Вина

Дури и умереното чувство на вина може да направи хаос во расположението. Ако се каете поради некое ваше дело, најдобар начин да се справите со него е да пробате да се искупите со некој гест. Ако сте пропуштиле нечиј роденден, пратете порака со задоцнета честитка и со извинување, можеби и некој мал подарок, и веднаш ќе се чувствувате подобро. Барем ќе знаете дека, откако веќе сте згрешиле, сте го направиле најдоброто што можете.

2. Мали одбивања

Одбивањата се најчестата емоционална повреда, особено во денешната ера на социјални мрежи. За многумина кои ги користат, игнорирањето на нивните дејства може да боли. Споделувањето на неколку фотографии на кои буквално никој не реагира или пак не реагира никој од блиските за некој знае да биде непријатно искуство.

Справете се со тоа така што ќе прифатите дека вашите пријатели честопати само поминуваат низ новостите без да им обрнат поголемо внимание. Можеби некој од нив ги видел сликите, му/ѝ се допаѓаат, но од некоја причина не сака јавно да го искаже тоа. Доколку навистина сакате да знаете зошто сте доживеале „одбивање“ на социјалните мрежи, Винч советува да им пратите порака на пријателите со прашање што мислат за тоа што сте го постирале.

3. Неисполнети тешко остварливи цели

Наметнувањето на тешко остварливи цели, кои често завршуваат со неуспех, може значително да го наруши расположението. Не очајувајте кога ќе дојде неуспехот. Немојте ниту да се нафрлите на себеси со секакви себеобвинувања. Направете план по кој ќе ги остварувате целите чекор по чекор и тргнете одново кон целта. Во таква ситуација нема што да се загуби, а може многу да се подобри расположението.

10 причини за лошо расположение и 10 начини за тоа брзо да го поправите

4. Повторно преживување на минатото

Многумина од нас заглавуваат размислувајќи за минатото. За тоа што било, што не било, како можело да биде ако сте направеле тоа и тоа… Избавете се од таа стапица така што ќе си го одвлечете вниманието кон нешто поведро. Излезете надвор, видете се со некој, играјте видео игри… За неколку минути ќе се чувствувате многу подобро.

5. Лош ден

Понекогаш се случува да се разбудиме во лошо расположение без никаква причина или барем да не сме свесни за неа. Во такви моменти направете нешто што обично ве расположува. Не е важно што, важно е да ве усреќува. Видете се со пријател во чие друштво се чувствувате најубаво, испланирајте нешто што ве возбудува или облечете се во омилената облека. Потоа ќе биде полесно.

6. Страв од неуспех

За да се ослободите од овој силен уништувач на расположение обидете се да се фокусирате на работите кои се под ваша контрола. На останатото и онака не можете да влијаете. Ако сте пред важен испит, не можете да сторите ништо повеќе од повторување на материјалот. Тоа може да ви даде самодоверба.

10 причини за лошо расположение и 10 начини за тоа брзо да го поправите

7. Чувство на изолираност

Темпото на живот прави често да забораваме на нашите емоционални и социјални потреби. За нив ни требаат други луѓе, а поради нашите или обврските на другите не успеваме да ги реализираме. Решението е едноставно – јавете се некому. Ќе сфатите дека чувството на изолираност е неосновано.

8. Ситни нешта кои нервираат

Лоша услуга во кафеана, мал дефект на автомобилот или средба со некој кој константно ве иритира можат да ви го расипат денот. Според Винч, лекот е во гледањето на големата слика. Дали тоа што ве изнервирало ќе биде важно после една година? Одговорот ќе ве однесе на патот кон подобро расположение.

9. Глад

Да, дури и гладот може да предизвика пад на расположението. Решението е многу едноставно – треба само да прошетате до фрижидерот.

10. Исцрпеност

Недостатокот на одмор и особено на сон може лошо да влијае на начинот на кој гледате на работите, на креативноста и на размислувањето. Една дремка може брзо да го реши проблемот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар