10 причини што постарите сестри се „закон“

10 причини што постарите сестри се „закон“

Секој има свое мислење дали е подобро да се биде помладата или постарата сестра, но едно е сигурно – супер е да имате постара сестра, а во продолжение прочитајте и зошто.

10 причини што постарите сестри се „закон“

1. Секогаш е еден чекор понапред. Го има поминато истото како и вие, само низ полош пат со сите замки и кавги со родителите. Знае што ги лути, а што ги прави рамнодушни. Генијалец е кога станува збор за извлекување од неволји.

2. Нејзиниот плакар е подобар од вашиот. Кога сте биле мали, најверојатно ве нервирало тоа што морате да носите облека од својата постара сестра. Дури во тинејџерските години сфаќаме дека нејзиниот плакар е всушност место во кое се кријат прекрасни парчиња облека кои сакаме да ги носиме. Треба долго молење за да ви ја позајми омилената маица или јакна, но на крај секогаш се согласува бидејќи не може никогаш да ве одбие.

3. Искрена е. Кога никој друг нема да ви ја каже вистината, постарата сестра секогаш ќе биде тука да ви каже искрено во лице бидејќи не може да ве лаже.

4. Можете да учите од нејзините грешки. Сите класични грешки кои ги правиме додека растеме, таа веќе ги има поминато па затоа останува само да учиме од нејзините искуства.

5. Таа е вашиот „чувар“ за излегување. Скептичните родители дозволуваат доцни излегувања или одење на прв концерт само ако постарата сестра оди со помладата.

6. Знае како да ве доведе во ред. Сите понекогаш драматизираме без причина. Нашите пријатели може ќе ги премолчат овие моменти, но вашата постара сестра нема. Таа ќе ве среди со неколку воспитни реченици во сестрински стил.

7. Никогаш не осудува. Секако дека секогаш не се согласува со вас, но го почитува вашиот избор.

8. Секогаш е на вашата страна. Без разлика колку меѓусебно се карате, во моментите кога ви е потребна нејзината поддршка, таа безрезервно ќе биде на вашата страна.

9. Таа е единствена која може да ве расположи за една секунда. Со вас е уште од првиот ден, ве гледала како растете и добро знае што ве прави тажни, и што може веднаш да ви ја врати насмевката на лице. Понекогаш се чини како да има телепатски способности бидејќи секогаш знае што да каже и да ве расположи.

10. Без неа не можете да ги издржите семејните дружби. Заедно се досадувате, и си разменувате погледи кога некој кажува (не)забавна анегдота.

Сепак, сите сестри не се исти, а тоа може да биде поврзано и со нејзиниот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар