10 причини поради кои момците обожаваат да одат на одмор со нивната девојка

10 причини поради кои момците обожаваат да одат на одмор со нивната девојка

Првиот заеднички одмор како двојка е голем чекор во развојот на врската. Ќе бидете заробени заедно барем една недела. Нема да имате каде да побегнете, ќе ја поминувате секоја секунда заедно и макар за момент ќе видите како би изгледало кога би живееле заедно. Можеби и ќе се соочите со некои одвратни навики на партнерот. Ова е дефинитивно голем пресврт во љубовната врска кој ќе пресуди дали сте создадени еден за друг или треба да ја барате среќата на друго место. Разбирливо е да сте возбудени и нервозни, но бидете сигурни дека тој одвај чека да заминете. Ова се 10-те причини зошто момците ги обожаваат одморите со нивните девојки…

10 причини поради кои момците обожаваат да одат на одмор со нивната девојка

1. Планирањето е забавно

Момците обожаваат девојки кои се организирани и кои посветуваат внимание на секој можен детаљ од одморот. Вистинско уживање е да поминете време заедно во планирање на тоа што ќе спакувате, со каков превоз ќе отидете и како ќе го поминете секој час од одморот за максимално да го искористите времето. Несомнено е дека ќе се зближите и ќе станете уште повозбудени за одморот што ве очекува.

2. Нема ништо подобро од секс на одмор

Тоа што ќе бидете заедно сами на непознато место ќе ја зголеми вашата сексуална желба и ќе сакате да имате секс постојано и насекаде. Нема да можете да ги тргнете рацете еден од друг, а ќе имате и одлична прилика да пробате некои нови секс пози на необични места. Потемнет тен, разголени тела и мирис на море… Има ли нешто попривлечно?

3. Нема да имате никакви обврски

Нема да се расправате за тоа кој ќе ги измие садовите, кој ќе го изнесе ѓубрето и нема постојано да го проверувате вашиот мобилен телефон и имејл. Ќе можете да се фокусирате само еден на друг, без никакви дистракции и нервози кои вообичаено се дел од вашето секојдневие.

4. Сите ќе ги направите љубоморни со вашите фотографии на Инстаграм

Зар не е тоа поентата на добриот одмор? Сите останати ќе бидат вознемирени поради тоа што уште се заглавени на работа, додека со завист и голема љубопитност со часови ги прегледуваат вашите објавени фотографии.

5. Ќе излезете од вашата удобна зона

На одмор нема да можете да се препуштите на секојдневните рутини. Нема да можете да поминувате цели вечери во гледање филмови, како што тоа го правите вообичаено. Ќе имате можност да искусите многу нови работи и да направите компромис за и двајцата да можете да ги правите работите што ги сакате. Можеби вие сте сакале да планинарите, па вашиот партнер со задоволство прифаќа да ви се придружи иако тоа никогаш не го интересирало. Или, пак, тој ве одвлечкал во музеј кој инаку никогаш не би го посетиле сами. Ќе научите многу нови работи и ќе станете поотворени кон нови искуства.

6. Ќе пробате нова храна

Без разлика каде ќе отидете на одмор, сигурно ќе пробате нова храна заедно. Заборавете на хамбургерите и италијанската храна и никако не пропуштајте да ја вкусите локалната кујна. Освен ако и двајцата не сте многу пребирливи. Или сте отишле на кампување.

10 причини поради кои момците обожаваат да одат на одмор со нивната девојка

7. Вашите љубовни состаноци ќе бидат неверојатно романтични

Можеби и кога сте дома често излегувате и одите во убави ресторани, но сега сте во убав ресторан на друго место и тоа е навистина посебно искуство. Долги прошетки на плажа додека сонцето заоѓа, водење љубов под ѕвездите… Не треба да вложите којзнае колку труд за да направите романтична атмосфера. Доволно е тоа што сте сами, на егзотична дестинација, далеку од сите обврски и луѓе кои ви предизвикуваат стрес и нервози.

8. Ќе се зближите поради некои мали безначајни работи

Моментите поминати во пријатна тишина, запознавањето нови луѓе, хаотични авионски летови, губењето низ уличките на непознатиот голем град… Сето ова ќе доведе до забавни шеги кои ќе бидат само ваши и ќе се чувствувате поблиски. Дури и кога ќе се налутите еден на друг, по некое време ќе се смирите, а тоа само ќе ве зближи уште повеќе.

9. Можеби ќе го пронајдете вашето место

Оваа нова дестинација можеби ќе стане вашето најомилено место во светот. Местото каде што би сакале да остарете, да ги одгледате вашите деца или да ги поминувате вашите годишнини. Она што мислевте дека е само обична недела помината на одмор, станува местото со коешто ќе се поврзете засекогаш.

10. Ќе имате прекрасни сеќавања

Без разлика дали врнело цела недела или сте си поминале најубаво на светот, ќе имате сеќавања за коишто ќе можете да зборувате сѐ додека сте заедно. Убаво е сознанието дека ќе имате заеднички сеќавања на кои ќе се смеете до солзи секогаш кога ќе се споменат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар