10 особини на остварените жени според рускиот психолог Михаил Лабковски

Рускиот психолог Михаил Лабковски ги открива особините кои ги имаат остварените жени. Тие немилосрдно го отфрлаат сето она што не се вклопува во нивната слика со назив: „Како што јас сакам“. И спротивно на гласовите на оние што им завидуваат, тие добиваат работа, сопруг и живот каков што посакуваат.

1. Таа од малечка научила како да се омажи само за себе

Дури и ако родителите ѝ биле прекрасни, а детството идилично, таа не смета дека некој ѝ должи нешто или дека ѝ е загарантиран прекрасен живот. Таа се надева на сопствените труд, можности и способности.

2. Таа си е доволна сама на себе

Нејзе не ѝ се неопходни други луѓе, посебно не припадници на машкиот пол за да ги реши своите проблеми. Исто така не ѝ требаат ни за да биде среќна. Таа сама ги решава своите проблеми и е среќна со себе. Другите луѓе ѝ доаѓаат како „шлаг на торта“ правејќи ѝ го животот уште посладок.

3. Таа е независна во секоја смисла на зборот

И тоа пред сè финансиски. Ваквите девојки вообичаено уште од раната младост размислуваат како и каде ќе заработуваат за живеење. Рано го напуштаат родителскиот дом, не се плашат да одат во друг град или земја за да се образуваат, се развиваат и растат. Таквите девојки до нивната 25-та година од животот имаат јасен план за нивната кариера, а некои веќе имаат и значајно работно искуство и веќе почнале да прават неколку чекори напред во кариерата. Тоа не мора да се големи чекори, односно не сите жени преферираат да станат шефици. Може да станува збор за некое научно откритие, пишување книги, некој корисен програм… Всушност, тоа значи дека ваквата девојка до својата 25-та година веќе нешто направила во својот живот, а не само да остане на планирање и барање објаснувања зошто никогаш остварувањето на плановите не ѝ оди од рака.

4. Таа не бара помош

Можеби и ќе побара помош, но тоа значи дека веќе сè пробала: ја анализирала ситуацијата, пробала неколкупати да дојде сама до целта и конечно се уверила дека нема доволно потенцијал, па затоа одлучила да побара некој кој би можел да ѝ помогне. Но, додека не се увери дека е невозможно проблемот да се реши без вклучување на туѓи ресурси, таа нема да бара помош. И е во право. Интересно е тоа што оваа особина обично се појавува уште во училиште. Станува збор за девојчето кое се соочува со нерешлива задача по математика, седи над книгата цел ден и дури вечерта им се обраќа на родителите за помош. Во иднина, неуспешните жени се однесуваат поинаку – се жалат од првите потешкотии и се молат некој друг да им го реши проблемот.

5. Таа не прави компромис

Овие жени не се плашат дека нема да успеат, дека нема сами да излезат на крај со нешто и не им е потребно одобрување од другите. Овие девојки ги напуштаат активностите кои не ги исполнуваат, во тинејџерскиот период самите одлучуваат што ќе бидат кога ќе пораснат и каде ќе го продолжат школувањето. Овие студентки не купуваат семинарски трудови затоа што ги интересира насоката што ја одбрале. Нив не можете да ги видите со момци кои не ги почитуваат. Тие немилосрдно го отфрлаат сè она што не се вклопува во нивната слика под назив: „Како што сакам јас“. И спротивно на гласините на оние што им завидуваат, добиваат работа, сопруг и живот каков што посакувале. Бескомпромисно се однесуваат и кон работата. Таквите жени нема да работат за понижувачки ниска плата, нема да трпат лоши работни услови, нема да толерираат манипулација од своите шефови или од нивните колеги. Тие имаат став за дадениот проблем, а доколку ништо не се промени, преминуваат на друго работно место, во друг сектор или во друга компанија.

6. Таа никогаш не се споредува со никого

Таа не се споредува со другарките, ниту со роднините, ниту пак, со колегите според нејзините достигнувања, финансии или социјален статус. Многу е свесна дека секогаш ќе има некоја помлада, позгодна, побогата и поуспешна од неа, а понекогаш можеби и со титула „војвотка“. Таа се споредува само со себеси, со онаа која била вчера или од претходната година и го оценува исклучиво своето постигнување во тој период.

7. Таа е задоволна со својот изглед

Не сака да го оперира носот, не ги зголемува усните и градите, не е постојано на диета и не се грижи доколку изела две парчиња торта. Таа се негува, води сметка за својот изглед и не се жали дека не е доволно убава. Се грижи за својата надворешност без намера да ја промени. Но, може да направи промена доколку одлучи.

8. Таа не сонува за брак

Не затоа што никој не ја сака. Може да има милион љубовници, но не сака со никого да создаде семејство. Инфантилен и слаб маж за неа не е интересен, а паметен, амбициозен човек кој е ориентиран кон семејството денес сè поретко може да се најде. За среќа, тоа на остварената жена не ѝ смета затоа што нејзината среќа не зависи од другите, како што веќе спомнавме во втората точка.

9. Таа не прифаќа нееднаквост

Принципот „мажот е хранител“ за неа е потполно незамислив. Со нејзе можете да комуницирате на рамноправна основа, и не ѝ е важно кој е побогат, поавторитативен или кој зазема поголема положба. Таа ќе разговара на истиот начин со директорот на државната корпорација како и со касиерот во продавница и никогаш нема да дозволи да биде непристојна кон келнерите, но нема ни да толерира ни непочитување од страна на сопственикот на спортскиот клуб во кој е активна.

10. Таа никогаш нема да ја напушти работата

Дури и ако има милијарди на сметката – тука за неа не се работи за пари. Таа се остварува, ја сака својата работа и не ѝ паѓа на памет да напушти сè и да седи дома. На работа оди за да го работи тоа што го сака.

Дали и вие кај вас можете да препознаете некоја од опишаните особини кои ги поседува една остварена жена?

Популарниот руски психолог Михаил Литвак споделил една приказна од својата ординација: Образованата жена не треба да се мажи за мајстор!

Автор: Наталија Наумовска

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар