10 нешта за кои не треба да има простор во вашата врска

Постои нешто магично во врските. Нешто што во секој човек се менува кога тие ќе најдат личност која навистина ќе ја сакаат. Станува збор за мистичен квалитет кој доаѓа заедно со несебичноста и силната потреба да ја заштитите оваа личност, понекогаш дури и на ваша сметка. Сите знаеме што се очекува од нас во врската, бидејќи постојано се зборува за тоа, но дали знаете кои се оние нешта кои таа не треба да ви направи да ги почувствувате? Погледнете…

10 нешта за кои не треба да има простор во вашата врска

1. Не треба да ве истоштува, треба да ве обновува – Добрата врска е како добро трчање, и покрај тоа што има тешки моменти, сепак треба да постојат нешта кои ве мотивираат да продолжите напред и да се пробиете низ ветрот кој удира во вас.

2. Не треба да ве прави несигурни, треба да ви ги отстрани сите несигурности кои сте ги имале – Вие знаете дека сте со вистинската личност кога сите ваши маани се претвораат во неговото или нејзиното омилено нешто за вас. Вие знаете дека сте со погрешната личност кога се криете во себе и промовирате фантазија.

3. Не треба да стане целиот ваш живот, треба да ви даде нова перспектива кон постоењето – Личноста која ја сакате треба да го надополнува вашиот живот, а не да стане крајниот резултат. Кога се во здрава љубовна врска, неговото или нејзиното присуство ќе ве инспирира да пробувате нови нешта, а не да поминувате 24/7 со нив.

4. Не треба да ве прави параноични, треба да ве прави сигурни – Љубомората е знак дека постои несигурност во врската. Исто како и живиот песок, таа ќе ве повлече надолу и ќе ја уништи вашата врска уште пред да сфатите каде сте згазиле.

5. Не треба да ги замени вашите пријателства, треба да се вклопи со нив – Вашата романтична врска не треба да ги замени сите ваши претходни врски, туку да додаде на нивната динамика. Вистинската личност ќе ја надополни групата, наместо да ве извлече од неа.

6. Не треба да биде мед и млеко, треба да ве предизвикува – Доколку постојано сè е совршено, тогаш и двајцата се лажете помеѓу себе. Кога е комплицирано и вие сепак сакате да работите на вашиот однос, тогаш не само што сте искрени, туку и сте дел од нешто искрено.

7. Не треба да биде ваша патерица, треба да ве поддржува без да ви крши коски – Доколку имате потреба да бидете со оваа личност за да се чувствувате сакано, тогаш сте зависни од него/неа. Доколку можете да бидете без вашиот партнер и да се чувствувате сакано, тогаш зависите самите од себеси.

8. Не треба да биде вашиот единствен извор на среќа, треба да биде постојан меѓу другите – Добрите врски вклучуваат баланс. Вие треба да имате нешта кои и надвор од вашата врска ве прават среќни и исполнети. И секако, оваа врска треба да биде едно од овие нешта.

9. Не треба да биде губење на вашиот идентитет, треба да биде причината да се пронајдете самите себеси – Вие не треба да се идентификувате со вашиот партнер. Кога сте во цврста врска, вие и двајцата станувате поуникатни индивидуи, а не хибрид од две исти личности. Врската не треба да ве дефинира, вие треба да ја дефинирате вашата врска.

10. Не треба да биде за вас или него/неа, треба да биде за нешто поголемо – И двајцата имате ваши моменти. Понекогаш вие ќе бидете центарот, а понекогаш тој/таа. Но, не заборавајте дека вашата љубов е поголема од вас и дека и вие сте поголеми луѓе поради неа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар