10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

Кралиците на уличниот изглед најдобро знаат колку свежина, елеганција, убавина и оригиналност може да внесат внимателно избраните додатоци во модната комбинација. Следејќи ги нивните стилови, ние ви ги претставуваме 10-те модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016, а во нив ќе видите разни идеи, некои елегантни и префинети, други забавни и храбри. Одберете меѓу малата сина чанта, чевлите со проѕирни потпетици и беретките. Или, зошто да не ги одберете сите?

(0) 10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

1. Чевли со проѕирни потпетици

Чевлите со проѕирни потпетици се најголемиот хит за овој моден месец. Футуристички, предизвикувачки и интересни, овој тренд дефинитивно ќе трае. Овој месец се забележани неколку улични комбинации на чевли со проѕирни потпетици со неутрални бои како црна, кафеава и сива, но и многу похрабри варијанти како светло портокалова и жолта. Одлично се комбинираат со здолниште, или со фармерки, а нивното време допрва доаѓа.

(1) 110 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

2. Беретки

Дополнете го вашиот секојдневен изглед со француска елеганција. Модерно и слатко, беретките се совршен избор да ја покажете својата софистицираност. Разгледајте ги уличните стилови и комбинации со беретки од светските модни метрополи и одберете ги бојата и моделот што вас најдобро би ви прилегале. Одберете волнен модел за да ја заштитите главата од силните есенски ветрови, или некоја доминантна боја како на пример црвена, за да ја покажете својата одлучност. За да ја покажете целосно својата дамска шармантност, дополнете го изгледот со долги ракавици во иста боја како беретката.

(2) 10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

3. Свилена црна марама

Без разлика дали станува збор за долга марама, краватата која ја носите распуштено или тенко шалче, свилената црна марама е дефинитивно нешто што треба да го имате за сезоната есен/зима 2016. Можете да се одлучите помеѓу свилена, сатенска или кадифена марама. Таа ќе го надополни секој ваш изглед, внесувајќи му едноставност и елеганција.

(3) 10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

4. Чанта со цветни детали

Графичките апликации се едни од најголемите трендови изминативе неколку месеци. Брзо го добиваат нашето внимание бидејќи се штосни, во интензивни бои и шари. Доколку геометриските дезени не ви се најомилени, пробајте да го омекнете вашиот изглед со чанта со цветни детали. Ваквиот вид чанти е широко распространет низ улиците на Европа, па дозволете да стане дел и од вашата стандардна гардероба.

(4) 10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

5. „Мали крзнени чудовишта“

Крзнените чудовишта што како приврзок се закачуваат на вашата чанта или палто, се голем тренд веќе неколку месеци. Како и обично, кралиците на уличниот стил, во нив пронајдоа нов начин да го одржат својот изглед свеж и релевантен одејќи чекор пред нас. Малечките крзнени чудовишта се всушност анимирани карактери што на интересен начин ќе ја облагородат дури и наједноставната чанта.

(5) 10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

6. Кружни очила

Кружните очила за сонце со метална рамка го вратија на духот на хипиците од 70-тите. Денес веќе ги имаат сите ин девојки од Милано до Париз. Очилата докажуваат дека со внимателно одбран детаљ, секој моден изглед може да добие на оригиналност. За целосен впечаток носете ги со долга распуштена коса.

(6) 10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

7. Големи очила

Доколку 70-тите не се вистинската модна инспирација за вас, тогаш овој тренд од 80-тите сигурно е нешто во што ќе се пронајдете. Скоро комично преголеми, XXL очилата ги опседнаа сите европски градови. Преголеми, рамни во горниот дел, а заоблени долу, овие очила за сонце ги криеја лица на многу модни икони на последните модни случувања. Комбинирајте ги со минимална шминка.

(7) 10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

8. Малечка сина чанта

Зарем не ви здодеа да ја носите постојано истата црна чанта? Да, им здодеа дури и на модните икони и решија да ја заменат со мала сина чанта. Бидејќи е лесно да се комбинира со најразлични модни стилови, сината чанта ќе биде незаменлив дел од модните ревии за есен/зима 2016.

(8) 10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

9. Портокалова боја

Бојата на новата сезона е портокалова. Уличните трендови диктираат дека ќе се носи во секаква верзија, од малечка вечерна чанта, до голема патничка торба. Портокаловата боја веќе стана омилена кај модните трендсетерки, така што, треба да размислите да ја внесете и во вашата гардероба.

(9) 10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016

10. Поп арт

Модните додатоци инспирирани од поп артот уште еднаш ги размрдаа модните трендови за есен/зима 2016. Забележани се на чанти и чевли, но и на маици, накит и додатоци за коса. Дефинитивно е нешто што не треба да го прескокнете. Штом славниот Карл Лагерфилд најде начин да ги вметне во својата колекција, треба да можете и вие да го сторите истото.

(10) 10 модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Маријана е професор по македонски јазик и литература, којашто во слободно време ги истражува широките пространства на виртуелната култура.

Поврзани содржини

Остави коментар