10 машки прашања за сексот одговорени од сексолог

10 машки прашања за сексот одговорени од сексолог

Ова се 10 прашања во врска со сексот кои мажите сакаат да ги постават, но се срамат или нема кој да им ги одговори. Затоа сега на помош се јавува Емили Морс, сексолог кој има стручен одговор на нив.

10 машки прашања за сексот одговорени од сексолог

1. Зошто таа не може да доживее оргазам?

Дури 80% од жените имаат проблем да доживеат оргазам само со сексуален однос без некое дополнително стимулирање, а дури една третина од жените се мачат да постигнат каков било оргазам. Има повеќе причини за тоа. Една од нив секако се и вештините на мажот во кревет, но може да биде и нејзината ниска самодоверба и непознавањето на сопственото тело. За да го решите проблемот потребно е таа да ви покаже што сака и на тој начин да ви помогне вам, а и себеси за да постигне оргазам.

2. Како да ја вратиме страста од почетокот на врската?

Д-р Морс препорачува постојано да пробувате нови работи за да ја вратите страста во врската. Почетокот е многу поинтересен и посекси затоа што недоволно ја познавате другата личност и имате многу за истражување. Но, штом ќе истражите сè што може да се истражи, страста спласнува. Затоа треба да најдете нешто ново и интересно што ќе сакате да го пробате за да го вратите интензитетот од почетокот.

3. Како да ја натерам почесто да имаме секс?

Не можете друг да терате да имате секс. Д-р Морс вели дека вашата партнерка не е должна да ве задоволува сексуално секогаш кога вам ви треба. Вообичаено е партнерите да имаат различна желба за секс. Жените се разликуваат од мажите по тоа што не сакаат секс толку многу често, но тоа не значи дека го сакаат помалку. За да добиете почесто, потребно е да знаете како да ја запалите. Сексуалниот нагон на жената е поврзан со мозокот повеќе од кој било друг дел на телото. Нејзе ѝ треба предигра, а таа треба да започне веднаш по нејзиниот последен оргазам. Тоа значи дека со вашето однесување можете да ѝ ја зголемите сексуалната желба и почесто да добивате секс.

4. Како да ја натерам да пробаме различни работи во кревет?

Пристапете внимателно кон овој проблем. Започнете отворен разговор во кој ќе си кажете што сака секој од вас да проба во кревет, а потоа можете заедно да гледате порно филм за таа да се чувствува помалку исплашено во врска со тоа. Добра игра со која ќе иницирате некои работи е да напишете на лист што сакате да правите, а потоа да си ги размените ливчињата. Како и да е, пристапете полека. Секој чекор кон повеќе авантура кој таа ќе го направи е голем чекор.

5. Прерано свршувам. Што е проблемот со мене?

Д-р Морс вели дека секој маж некогаш имал проблем со вакво нешто, а некои постојано се соочуваат со тоа. Причините лежат пред сè во нервозата. Затоа јогата и медитацијата можат да бидат корисни, а покрај тоа можете да пробате да ја контролирате ејакулацијата кога мастурбирате или да правите кегелови вежби. Но, најдобар начин да се справите со проблемот е да разговарате со партнерката отворено за ова и на тој начин да ги извадите од себе стресот и срамот за потоа порелаксирано да му пристапите на сексот.

10 машки прашања за сексот одговорени од сексолог

6. Како да ја натерам на анален секс?

Жените честопати се плашат од анален секс. Кога тој не е изведен на вистинскиот начин може да предизвика многу болка за нив. Затоа треба да го искористите истиот пристап како и при разговорот за нови работи в кревет. Ако ја притискате, таа сигурно ќе се повлече. Но, д-р Морс советува да бидете внимателни и да одите чекор по чекор. Постојано комуницирајте за тоа како се чувствува пред, за време и после аналниот секс.

7. Како да ги подобрам моите вештини во оралниот секс?

Најдобриот начин да ѝ пружите одлично орално задоволство е и вие да уживате во тоа, вели д-р Морс. Таа додава дека не треба веднаш да почнете со нејзината вагина. Започнете со бакнежи на стомакот, колковите и бедрата. Тоа ќе ја зголеми сексуалната желба кај неа и ќе го зголеми степенот на задоволство. Потоа можете да преминете долу со кружни движења, но можете да експериментирате и со некои поинакви, а и прстите можат да ви помогнат.

8. Како да имаме секс во тројка?

Барањето за секс во тројка може да донесе многу забава, но може да биде и опасно за врската. Тоа може да ја уништи врската и затоа е потребно да бидете внимателни со тоа, особено ако веќе сте имале проблеми со љубомора. Битен предуслов за ваков обид е здрава врска на партнери кои сакаат авантура во кревет. Почнете со тоа што ќе ѝ кажете дека фантазирате да ја видите со друга жена и видете како ќе реагира. Ако тоа помине убаво, почнете со утврдување на правилата по кои ќе го сторите тоа, со кого би било, итн. Неопходно е да бидете отворени и искрени во еден таков разговор за сето тоа да успее.

9. Дали мојот пенис е мал?

Гледано од научен аспект, пенисот кој е 8 сантиметри или подолг не е мал, така што појавата на мал пенис е многу ретка. И покрај тоа, само една третина од мажите сметаат дека големината која тие ја поседуваат е доволна. Друг податок кој треба да го имате предвид е тоа што повеќето жени тврдат дека големината не е важна за нивното задоволство. Ако сепак ви фали самодоверба поврзана со ова прашање, потрудете се да обезбедите добра предигра, а потоа продолжете со повозбудливи пози.

10. Понекогаш не можам да свршам. Што е проблемот со мене?

Некои свршуваат пребрзо, некои пак воопшто не можат. Колку долго и да имаат секс, тие не можат да стигнат до крајот. Причините можат да бидат здравствени или психолошки. Проблемот е доста редок и не е многу истражен. Д-р Морс вели дека оние кои го имаат проблемот треба да се советуваат со лекар кој ќе им препише соодветна терапија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар