10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца - Part 2

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

6. Ши-тцу

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Многу сопственици на кучиња од расата ши-тцу не сакаат да им ги подарат кутрињата на семејства со деца помали од 7 години. Овие кучиња се разиграни и лојални и можат да бидат одлични домашни миленици за возрасните и поголемите деца, но помалите честопати не разбираат дека кучето не е секогаш расположено за игра. Ши-тцу кучињата обично добро се сложуваат со другите кучиња, но доколку не е правилно дресирано, нивниот тврдоглав и агресивен карактер може да надвладее со нивното однесување. Освен тоа, тие можат да станат и многу територијални ако мислат дека се лидери на чопорот, а децата многу често го поттикнуваат таквото однесување кај кучињата од оваа раса.

7. Пекинезер

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Децата ретко можат да му одолеат на ова слатко куче и секогаш сакаат да го потегнат за крзното, опашот или ушите, а пекинезерите тоа го мразат и понекогаш се одмаздуваат. Ако пекинезерот помисли дека е лидер на чопорот може да стане своеглав, лош и агресивен. Треба да им се постават строги правила на овие мали кучиња, а сопствениците треба да имаат силна волја и упорност за да ги воспитаат како што треба.

8. Доберман

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Станува збор за многу интелигентно и моќно куче. Доберманите имаат силен заштитнички инстинкт поради што непознатите луѓе треба да размислат два пати пред да им пријдат или да им направат нешто лошо на нивните сопственици. Меѓутоа, поради нивната изразена тврдоглавост и огромна енергичност, доберманите не се препорачуваат за семејства со мали деца како ни за неискусни сопственици. Тие можат да станат многу самоволни и тешки за контролирање, ако сопственикот не се докаже како авторитет и не бара почит. По природа, доберманите не се агресивни кучиња освен ако не мислат дека го бранат нивниот сопственик или територија. Поради тоа, треба да бидат под постојан надзор кога има туѓи деца во близина. Доберманите треба внимателно да се запознаваат со сите „новодојденци“ за да не се збунат.

9. Далматинец

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Далматинците се познати по нивната неуморност поради што можат да бидат премногу енергични за малите деца. Тие се многу активни кучиња кои бараат редовни физички активности и шетање. Далматинците кои имаат вишок енергија можат да почнат да лаат, да копаат или да покажуваат знаци на агресија. Токму затоа, оваа кучешка раса не е идеална за чување во стан. Станува збор за многу интелигентни кучиња кои бараат постојано дресирање. Далматинците нема најдобро да се сложуваат со малите деца, но ќе се согласуваат со големите, добро воспитани деца кои ќе знаат како да се носат со цврстиот карактер на ова специфично куче.

10. Џек расел териер

10 кучешки раси кои не се најдобар избор за семејствата со мали деца

Ова мало куче кое обожава да копа и да лае не е идеално за сечиј дом. Кучињата од расата џек расел териер се многу самоволни поради што бараат цврсто и константно дресирање. Тие се однесуваат како чувари и затоа знаат да станат многу територијални и да реагираат инстинктивно на непознати луѓе, кучиња или ситуации кои не им се секојдневни. Овие кучиња не се препорачуваат за семејства со мали деца, бидејќи тие не поднесуваат кога некој ги влече, штипка и допира. Можат дури и да го гризнат оној кој го нарушува нивниот личен простор.

Доколку сакате да чувате куче, одберете ја кучешката раса според вашиот карактер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар