10 eдноставни совети со кои ќе го забрзате растењето на вашата коса

10 eдноставни совети за да го забрзате растењето на вашата коса

Долгата коса е еден од главните симболи на женственоста. Но, малку жени се задоволни од брзината со којашто расте нивната коса. Бидејќи никогаш не е доволно долга, многу девојки почнуваат да купуваат и да користат разни продукти со кои ќе го забрзаат нејзиниот раст. За среќа, постојат и неколку едноставни совети со кои природно ќе го забрзате овој процес.

10 eдноставни совети со кои ќе го забрзате растењето на вашата коса

1. Масирајте го вашиот скалп

Добро знаете дека здравјето на косата започнува од скалпот, односно, ако имате здрав скалп ќе имате и здрава коса. Секој ден одвојувајте по неколку минути за масирање на скалпот со цел да го стимулирате растењето на косата и да ја подобрите нејзината густина.

2. Пострижување

Постои верување дека мора да одите на фризер на секои 6 до 8 недели. Но тајната е во добрата нега и препаратите за коса што ги употребувате. Ако користите квалитетен шампон и регенератор и редовно нанесувате маска за коса, ќе биде доволно да одите на фризер само два пати годишно.

3. Спијте на свила

Спиењето на мазна површина го намалува триењето на косата во текот на ноќта, а со тоа го намалува и кинењето на влакната. Заменете ги памучните навлаки со свилени и веднаш ќе ја забележите разликата.

4. Правилно фенирајте ја и обликувајте ја косата

Немојте никогаш да ја сушите косата и истиот ден да ја обликувате со топлина. Се разбира, најдобро е да ѝ дозволите на косата да се исуши природно, но за некои девојки ова е невозможно. Со цел да ги избегнете оштетувањето и сушењето, немојте да ги правите овие две работи во ист ден.

5. Одморете ја косата

Колку повеќе ја миете и ја обликувате косата, толку ќе биде пооштетена. Поради ова обидете се понекогаш да ѝ дадете одмор. Сепак, и овде главна улога има квалитетот на продуктите што ги користите. Ако имате пегла за коса која не го оштетува влакното и истовремено користите препарати за заштита од топлина, можете да го зачувате здравјето и убавиот изглед на косата.

6. Поретко врзувајте ја во опавче

Наместо да ја врзувате косата во високо стегнато опавче, соберете ја долу. Постојаното врзување ги кине и ги кубе влакната.

7. Чешлање

Инвестирајте во квалитетна четка со природни влакна која нема да ви ја кине косата додека ја чешлате. Исто така треба да знаете дека чешлањето на корењата ја стимулира циркулацијата на главата и ги потхранува фоликулите.

8. Фарбање

Обидете се да не ја осветлувате косата премногу бидејќи бланшот и светлите фарби го оштетуваат влакното. Најдобро е да одберете или кратка и светла коса, или темна и долга.

9. Миење со оцет

Студената вода и јаболковиот оцет по миењето со шампон ќе ги затворат фоликулите на влакната и ќе ја направат косата сјајна. Не грижете се за мирисот на оцетот бидејќи трае многу кратко.

10. Избегнувајте надградба за коса

Доколку сакате да ја пораснете косата, користете ја надградбата само во посебни прилики и носете ја кратки периоди. Надградбата со штипки е одлична, но само ако можете да ја извадите без кубење на косата. Дополнителната тежина од надградбата може да ја искуби вашата коса.

Пробајте ги и овие едноставни маски против опаѓање на косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар