Зошто треба да ги исклучуваме телефоните при полетување и слетување на авионот?

Зошто треба да ги исклучуваме телефоните при полетување и слетување на авионот?

Пред полетувањето и пред слетувањето, стјуардесите ги замолуваат патниците да ги исклучат нивните електронски направи. Сепак, многу од нас не разбираат како нашите мали телефони може да попречуваат во работата на огромно летало. Па, погледнете што всушност се случува.


За што е опцијата за летање на телефоните?

Кога ја вклучувате опцијата за летање, вашата електронска направа ги исклучува сите сигнали (интернет, блутут, безжична мрежа и слично). Едноставно кажано, вашиот телефон или таблет престанува да функционира како радио приемник. Ако не ја вклучите опцијата за летање, сигналите од вашиот телефон може да попречуваат во чувствителните електронски направи на леталото.

Што ако не го користите телефонот?

Кога вашиот телефон е само заклучен и не го користите, тој сепак бара мрежа, и неговата фреквенција може да се поклопи со фреквенцијата на леталото. Дури и ако сметате дека електронската направа која „спие“ не претставува закана, сепак вклучете ја опцијата за летање. Ако ја немате оваа опција, едноставно целосно исклучете ја направата.

Зошто е опасна оваа активност на телефоните?

Како што знаете, полетувањето и слетувањето се најтешките делови на еден лет, за чие време пилотот треба да се координира со центарот за контрола кој се наоѓа на земјата. Сето ова се прави со системот за навигација на леталото. Сигналот од вашиот телефон може да ја попречи радио комуникацијата, и пилотот може да не слушне некоја информација од центарот за контрола. Ова може да води до опасност.

Која електронска направа може да се користи за време на летот?

  • За време на летото можете да ги користите сите направи што не пренесуваат информации безжично или преку интернет и блутут. На пример, камери, фотоапарати, слушалки и слично.
  • Направите кои разменуваат информации може да се користат, но само со вклучена опција за летање. Овде спаѓаат смартфони, таблети и слично. Можете да користите и лаптоп. Ако на него немате опција за летање, исклучете ја антената за интернет.
  • Можете да ја исклучите опцијата за летање во текот на летот (неколку минути после полетувањето) и тоа само ако дозволи екипажот. Но кога сте во воздух, нема ни да имате потреба од исклучување.

Заклучок

Неколку телефони во функција нема да го срушат телефонот. Но, ако секој патник го користи својот, пречките ќе бидат големи. Ценете ја работата на другите и не им создавајте непотребни тешкотии на пилотите. Потребни се само неколку секунди да ја вклучите опцијата за летање.

Дали знаете и зошто авионите оставаат бели траги на небото?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар