Зошто сте леваци или деснаци? Одговорот не е тоа што мислите…

Која рака ќе ви биде доминантна се „одредува“ уште во матката, околу 8-та недела од бременоста. Претходно се сметало дека разликата во активноста на гените во левата и десната хемисфера можеби е одговорна за тоа која рака е доминантна.

zoshto-ste-levuchar-ili-desnuchar-kafepauza.mk

Но минатата година истражувачите кои ги анализирале гените од ‘рбетниот столб помеѓу 8-та и 12-та недела од бременоста, веруваат дека потеклото на доминантна рака се наоѓа во рбетниот столб.

Движењата на рацете и дланките започнуваат со моторниот кортекс во мозокот кој испраќа сигнал до ‘рбетниот столб. Ова ја претвора командата во движење. Моторниот кортекс не е поврзан со ‘рбетниот столб на почетокот, а одбирањето на доминантната рака настанува уште пред да се направат конекциите. Поради ова истражувачите сметаат дека оваа одлука доаѓа од нашиот ‘рбет.

Истражувањето објавено во февруари, 2017 година заклучило дека овие резултати фундаментално го промениле нашето разбирање за причината на хемисферните асиметрии.

Дали знаевте дека вашите дланки може да ви откријат многу за вас?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар