Зошто мачките секогаш нѐ игнорираат кога ги повикуваме?

Сигурно понекогаш се прашувате зошто вашата мачка не реагира кога ѝ се обраќате. Вистината е дека мачките си го препознаваат своето име. Па тогаш зошто не се вртат кога им зборуваме? Затоа што едноставно не сакаат. Уф, тоа болеше.

Зошто мачките секогаш нѐ игнорираат кога ги повикуваме?

Според една јапонска студија, мачките реагираат кога ќе си го чујат своето лично име. Тогаш како би го објасниле ова чудно однесување?

Нивните имиња се најчестите звуци што ги слушаат од нивните сопственици. Затоа, врската помеѓу повикувањето на нивното име и добивањето награда или казна, може да влијае на однесувањето на мачките.

Ова значи дека нивните лични имиња може да ги асоцираат на добивање награда, на пример храна, милување или играње, или пак, казна како посета на ветеринар или бањање. Понекогаш сопствениците кои имаат повеќе мачки ги повикуваат сите во исто време, па мачката лично си го препознава своето име, но и на другите во групата.

Кога се работи за мачки коишто живеат во прифатилишта или на улица, тие не препознаваат ниеден збор што би ги асоцирало на награда или казна, се вели подолу во студијата.

ЗАКЛУЧОК: Иако комуникацијата помеѓу мачките и луѓето не е целосно истражена, со оваа студија се покажува дека мачките може да научат кога некој предмет или место се смета за опасно. Но доколку ги повикате по име и не ви обрнуваат внимание, не значи дека не ве слушнале, туку едноставно така решиле. И доказ за тоа е дека тие ги придвижуваат ушите или гледаат во вас. Дали гледате дека ве разбираат? Жал ни е што ќе ви кажеме, но тие сепак претпочитаат да ве игнорираат.

Доколку ве интересира, прочитајте и за овие 29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките.

Автор: Весна Куковска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар