Зошто кучињата не смеат да јадат калинки?

Денес калинките се сметаат за суперхрана за луѓето. Тие се полни со антиоксиданси и се неверојатно вкусни. Но дали калинките се забрането овошје за вашиот крзнен пријател? Што се случува кога кучињата јадат калинки? Дали и за нив се здрави како и за луѓето, или можат да им нанесат штета?

Дали кучињата можат да јадат калинки?

Зошто кучињата не смеат да јадат калинки?

Одговорот на ова прашање е навистина жестока дебата. Многу луѓе ќе ви кажат дека нивното куче обожава калинки, а многу ќе ви кажат и дека никогаш не му даваат. Во овие ситуации најдобро е да се запрашате зошто воопшто сакате да му дадете калинка на вашето куче. Дали ви е омилено овошје и сакате да ја поделите? Дали сакате да додадете антиоксиданси во исхраната на кучето? Иако ова звучи разумно, постојат други начини на коишто можете да го направите тоа.

Дали калинките се добри за кучињата?

Зошто кучињата не смеат да јадат калинки?

Без сомнение, калинката е навистина здраво овошје и има повеќе антиоксиданси од сите бобинки. Со години научниците зборуваат за својствата против стареење на калинките. Од овие антиоксиданси можеби има придобивки и за кучињата, но тие се премногу мали. А бидејќи постои веројатност калинката да го надразни стомакот на вашето милениче, најдобро е да ја избегнувате.

Зошто калинките се лоши за кучињата?

Зошто кучињата не смеат да јадат калинки?

Доколку вашето куче сака калинка, не мора да паничите бидејќи тие не се отровни за нив. Доколку кучето јаде калинка, најверојатно ќе има малку проблеми со стомакот и можно е да поврати. Кучињата не можат да се хранат само со овошје, па не можат многу ефикасно да ги дигестираат семките. Поради ова, калинката може да предизвика проблеми со дигестивниот систем.

Кучињата имаат уникатни дигестивни потреби и високото количество антиоксиданси во калинките не е добро за нивниот стомак. Покрај тоа, калинката има многу семки што кучето најверојатно нема да ги џвака, туку ќе ги голтне цели. Надворешниот дел од калинката исто така е тежок за дигестија кај кучињата, па и тој може да предизвика проблеми.

Кои делови од калинката може да ги јаде кучето?

Зошто кучињата не смеат да јадат калинки?

Според експертите, кучињата можат да консумираат малку калинка, но во форма на сок. Иако деловите од калинката не се отровни, сепак ќе предизвикаат проблем, па нема потреба да му давате на вашето куче.

Како да му давате калинка на вашето куче?

Зошто кучињата не смеат да јадат калинки?

Доколку сепак сакате да го внесете ова овошје во исхраната на вашето милениче, постојат неколку алтернативи. На овој начин кучето ќе ги добие потребните антиоксиданси, но без дигестивните проблеми.

  • Екстракт од калинка: Неодамнешните истражувања покажале дека екстрактот од калинка ефективно го намалува ризикот од болести на срцето кај кучињата. Бидејќи проблемите со срцето се најчеста причина за смрт за овие животни, ова се одлични вести. Со дозвола од ветеринарот, можете да додадете една лажица екстракт од калинка во сувата храна на вашето милениче и ќе му помогнете да внесе повеќе антиоксиданси.
  • Храна за кучиња со калинка: Доколку на вашето куче му се допаѓа вкусот на калинката, можете да побарате квалитетна храна за кучиња што содржи калинка.

Доколку сепак сакате да го израдувате вашето куче, можете да му дадете нешто од овие изненадувачки оброци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар