Зошто кажуваме „Амин“ после молитва?

Христијанството во моментов е најголемата религија и се претпоставува дека има 2,2 милијарди следбеници низ целиот свет. Овде спаѓаат 31% од целото население. Главната порака на религијата е мир, прифаќање и љубов, иако голем број следбеници (и учители) не ја практикуваат на овој начин. Но, тоа е сосема друга тема во која нема да навлегуваме денес.

zoshto-kazhuvame-amin-posle-molitva-kafepauza.mk

Еден од најчестите зборови кои се спомнуваат во христијанството е „Амин“, кој се кажува после молитва, пред и после оброци или после која било света изјава. Дефиницијата на овој збор е всушност „Нека биде“ и на некој начин е афирмација на вашиот говор. Сепак многу следбеници сметаат дека има и други значења – како да се грижите, да бидете внимателни или да верувате во нешто или некого.

Ако се вратите малку назад во времето, ќе пронајдете силна врска помеѓу зборот „Амин“ и Египет. Амин (изворно Амун) е египетскиот бог кој е познат како крал на боговите и се верува дека подоцна е имитиран од грчкиот бог Зевс.

Откако се споил со богот на сонцето Ра за да стане Амун-Ра, тој станал единствениот бог на кој му се поклонувало Новото кралство во Египет. Овој период бил од 16-ти до 11-ти век п.н.е. Амун-Ра го гледале како манифестација на потполна совршеност и тој бил сметан како „Бог“ и во христијанството.

Постои вистинска игра на зборови кога станува збор за неговото име. Амин и Ра во комбинација може да го претставуваат таткото и сонцето, со светиот дух кој е проекција на духот на Амин. Со ова настанува светото тројство.

Ова совпаѓање во религиите не е ништо ново и она што постои во една религија, речиси сигурно ќе се појави во друга. Можеби нема правилна религија, туку сите се дел од поголема сложувалка која може да се состави само со прифаќање и поклопување на сите религии.

Амин е афирмација за египетскиот крал на боговите, а она што христијаните го нарекуваат Бог е токму истото. Постојат совпаѓања со приказните за Дева Марија и Исус во споредба со Изида и Хор. Озирис и Сет се споредувани со Бог и Сатаната. Можеби приказните ќе продолжат да се повторуваат на разни начини за идните генерации, па оние кои ќе бидат на друго ниво на свесност ќе ја сфатат нивната метафорична вредност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар