Зошто е здраво понекогаш да пиете алкохол?

Сите ги знаеме причините поради кои треба да го избегнуваме алкохолот. Но, доколку веќе пиете, правете го тоа одговорно. Би било добро да ги слушаме советите и да се држиме настрана од слатките и мешани алкохоли и коктели. Но, постојат и неколку сосема оправдани причини зошто понекогаш е добро да се напиете некоја чашка бело вино, виски, текила…

1. Бело вино

(1) Зошто е здраво понекогаш да пиете алкохол?

Одамна е познато дека црвеното вино е здраво за човечкиот организам доколку се консумира умерено. Но, и белото вино воопшто не треба да се потценува. Ова вино содржи пониско ниво на хистамини од својот „црвен“ роднина. Тоа значи дека белото вино е посоодветно за луѓето кои патат од алергии.

2. Виски

(2) Зошто е здраво понекогаш да пиете алкохол?

Вашата тетка всушност била во право кога ве советувала да се напиете топол чај со малку виски кога сте имале лоша кашлица. Една студија спроведена од Универзитетот Карнеги – Мелон во Пенсилванија покажува дека луѓето кои умерено пијат алкохол имаат повисок отпор на вирусни инфекции. Тоа не значи дека треба да се фрлите на шишето со виски, но кога сте настинати или имате кашлица, лековитите својства коишто се наоѓаат во овој пијалак помешајте ги со топол чај или друга топла напивка и ќе почувствувате подобрување.

3. Текила

(3) Зошто е здраво понекогаш да пиете алкохол?

Можеби не е најдобра идеја редовно да пиете студена текила со шеќер и лимон, но и таа во себе носи одредени карактеристики кои можат да му бидат од корист на вашето тело. Резултатите од едно истражување на Американското хемиско друштво покажуваат дека текилата не само што помага да се намали количеството на шеќер во крвта, туку кога овој алкохол се пие умерено, може да ви помогне и во губењето на вишокот килограми.

Погледнете во видеото во кое се наведуваат причините поради кои некогаш е добро да се напиете по некоја чашка од вашиот омилен алкохолен пијалак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар