Зошто е најдобро да се вљубите во личност која обожава да чита книги?

Зошто е најдобро да се вљубите во личност која обожава да чита книги?

Кога ќе завршите добра книга се чувствувате како да сте изгубиле љубовник. Крајот можеби бил добар, но сигурно сте сакале да потрае уште малку. Се чувствувате како да сте се вљубиле во странец кој никогаш нема да го видите. Овој начин на читање е наречен „длабоко читање“, нешто што се случува сè поретко поради површното читање кое ни го овозможува Интернетот.

zoshto-e-najdobro-da-se-vljubite-vo-lichnost-koja-chita-kafepauza.mk

Изгубената уметност на длабокото читање не само што има добро влијание на концентрацијата, туку ве прави попаметни, погрижливи и ви дава нови перспективи и идеи. Според едно истражување, луѓето кои читаат чувствуваат поголема емпатија. Тие исто така ја имаат способноста да ги ценат идеите и верувањата на другите. Кога станува збор за човечкото поврзување, емпатијата е клучна. Секој од нас сака партнер кој ќе нè разбере и кој ќе нè запознае онакви какви што навистина сме.

Не е изненадувачки фактот дека луѓето што читаат се подобри партнери. Тие го искусуваат животот преку животите на ликовите во книгите и многу полесно ги разбираат потребите на другите, бидејќи ја собрале мудроста од илјадници фиктивни ликови. Луѓето кои читаат знаат што значи да се љуби, да се страда и да се искусат најголемите подеми и падови во животот.

Па, ако барате некој кој ќе ве исполни, почнете да барате партнер кој чита. Тој/таа ќе ве разбере, ќе ве љуби на начинот на кој што сакате и најважно од сè, ќе биде покрај вас кога ќе ви треба најмногу.

Не само што ќе ве разбере, тој/таа и ќе ве „чувствува“

Да бидеме искрени, вреди да се вљубите само во личност која навистина ве познава, личност која ги знае вашите желби, соништа, проблеми и болки. Едно истражување покажало дека луѓето кои читаат имаат поголемо разбирање за чувствата и мислите на другите.

Зошто е ова вака?

Можеби бидејќи литературната фикција се фокусира на психологијата на ликовите и нивните врски. Многу често овие ликови не се целосно опишани, па луѓето кои читаат се присилени да ги пополнат празнините за целосно да ги разберат постапките на ликот. Оваа психолошка свест се префрлува и во реалниот свет кој е полн со комплицирани индивидуи чии животи понекогаш е тешко да се одгатнат. Поради ова луѓето кои читаат можат подобро да ве разберат.

Богатиот вокабулар е секси

Луѓето кои читаат обожаваат зборови. Тие знаат да го искористат правилниот збор во вистинскиот момент и можат да ве „растопат“ со нивното зборување. Па, ако сте доволно среќни да најдете партнер кој чита, немојте да го пуштите бидејќи читачите се вид кој полека изумира!

Погледнете и како да одвоите повеќе време за читање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар