Зошто да научите германски?

Доколку размислувате да почнете со учење на нов јазик, тогаш германскиот е вистинскиот избор за вас. И додека не е толку романтичен како францускиот и шармантен како италијанскиот, овој јазик сепак има свои други огромни предности. На пример, германскиот јазик е најзастапениот јазик во Европската унија, каде што според мерењата во 2007-ма, го применувале 19% од Европејците. Германскиот е јазик кој го зборуваат над 120 милиони луѓе во светот, но ова не е единствената причина што би ве натерала да го научите. Погледнете ги и следниве интересни факти, што ќе ве натераат да го засакате германскиот уште веднаш.

(0) zoshto-da-uchite-germanski-kafepauza.mk

1. Германскиот јазик е официјален јазик на Германија, Швајцарија, Австрија, Луксембург и Лихтенштајн.

2. Германскиот јазик е третиот најизучуван јазик во светот.

3. Едни од најголемите литературни и филозофски дела се напишани токму на германски. Гете, Кафка, Хесе, Фројд, Ниче, Маркс се само дел од значајните авторски имиња.

4. Германија се наоѓа на првото место според нивото на извоз во светот.

5. Исто така, Германија е и најмоќната сила што стои зад Европската унија.

6. Има повеќе од 1.100 компании во земјите каде што се зборува германски, кои имаат субвенции во САД. Овие компании вкупно бројат 700.000 работни места во САД.

(1) zoshto-da-uchite-germanski-kafepauza.mk

7. Германскиот е вториот најупотребуван јазик во науката. Секако, тоа е јазикот на Ајнштајн, но и на многу други современи научници.

8. Германија е третата најсилна економија во светот.

9. Класичната музика не би била тоа што е денес без делата на познатите Бах, Моцарт, Бетовен, Штраус, Вагнер, Брамс, кои го зборувале германскиот јазик.

10. Германскиот е вториот најупотребуван јазик во научните публикации.

(2) zoshto-da-uchite-germanski-kafepauza.mk

11. Доколку сте заинтересирани лесно ќе најдете многу интернет материјали кои ќе ви помогнат при учењето на јазикот.

12. Доменот „.de“ е втор по популарност во светот и сигурно ќе наидете на многу германски сајтови каде ќе можете да ги подобрите и проширите стекнатите вештини.

13. Доколку добро го познавате англискиот јазик, германскиот и нема да ви биде многу тежок за учење. Дури 40 % од зборовите се слични со нивните англиски парови.

14. Изучувањето на германскиот ќе ви го подобри англискиот.

15. Германците трошат многу на патувања. Па, бидете сигурни дека каде и да одите ќе најдете некој со кој ќе можете да зборувате и да го покажете наученото на дело.

И за крај, отворете овде и уште веднаш посветете се на учењето на германскиот јазик. Среќно!

Ако ве интересираат јазиците, погледнете ги и причините зошто да научите шпански.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар