Жива, олово, цијанид: Откриен е составот на копиите од познатите козметичките производи

Лондонската полиција открила високо количество жива, олово, па дури и цијанид во копиите на козметичките производи кои сè почесто се наоѓаат во продажба. Лажната козметика е исклучително опасна бидејќи може да создаде силни алергиски реакции со осипи, отекување и чешање, како и трајно да му наштети на вашето здравје.

Жива, олово, цијанид: Откриен е составот на копиите од познатите козметичките производи

Покрај живата, оловото и цијанидот, оваа шминка исто така е исполнета и со измет од стаорци, човечка урина и арсен. Во импровизирани и нечисти лаборатории кои воглавно се распространети низ Кина и источна Европа, оние кои создаваат копии од познатите светски марки користат и до 19 пати поголема количина олово од дозволеното што е исклучително опасно за вашето здравје.

Лажните балсами за усни, пудри, сенки за очи, парфеми и руменило масовно се купуваат поради ниската цена во однос на оригиналот, но тоа што многумина не го знаат е дека тие сериозно можат да го нарушат здравјето. Овие производи воглавно се продаваат преку интернет, па токму затоа и бидете многу внимателни. Познатите брендови никогаш не ги продаваат своите производи по многу пониски цени надвор од сопствените парфимерии.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар